„Кај тарабите“ е мал деликатесен книжевен базар што ќе се одвива во следните неколку саботи во кафе „Горки“ во организација на издавачките куќи Чудна шума, Сказнувалка и Гаврош.
За прв пат, „Кај тарбите“ ќе се одржи денес, со почеток од 12 часот. Секоја сабота на овој мини базар ќе бидат присутни и гости од други дејности. Во најава е мини Yard Sale.
„Следуваат низа настани, нови наслови, вкусни деликатеси, попусти и предновогодишни пакетчиња“, стои во најавата за книжевниот базар.
……..
*Обновено
Денешниот настан е откажан од организаторот.