Книжевен клуб за деца во Јуроп хаус на 20 февруари

„Зборот на годината според Оксфордскиот речник е: Добрина. Да ја почнеме и 2025-ата во духот на пријателството со книгите и добрините што ги учиме преку нив. Да си раскажеме еден на друг што значи добрината“, стои во најавата за раскажувачката работилница со Ана Голејшка Џикова, во рамки на детскиот книжевен клуб на Јуроп хаус.

Книжевнот клуб во Јуроп хаус ќе се одржи на 20 февруари во 18:30 часот, каде преку низа различни книжевни дела ќе се чита и осознава добрината од сите агли.

„Затоа што да се биде добар, значи да се биде и храбар. А децата природно ја поседуваат добрината. Да ја шириме низ приказните!“, стои во најавата за клубот.

Препорачана возраст за клубот е 5+8 години.

Линк за пријавување: https://rb.gy/83bjez