Книгоиздавателството „Матица македонска“ со книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски ќе ја одбележи 30-годишнината од заминувањето на Блаже Конески.
Книжевната промоција ќе се одржи на 25 октомври, среда, во Клуб Матица, на Булеварот на книгите.
Со почеток во 18 часот, промотори на книгата ќе бидат универзитетските професори Венко Андоновски и Димитар Пандев.
Во рамки на настанот е предвидена и музичка програма со Драган Даутовски.