Книжевна вечер посветена на италијанскиот писател Луиџи Пирандело ќе се одржи вечерва, со почеток од 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје.
За делото и значењето на овој италијански писател ќе говори проф. д-р. Анастасија Ѓурчинова, а ќе бидат презентирани и кратки филмови снимени по некои од неговите раскази.
Пирандело е еден од најзначајните писатели на 20 век. Автор е на повеќе раскази, романи и драми. Добитник е и на Нобеловата награда за книжевност во 1934 година. Влезот за настанот е слободен.