Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ во петок (14 јуни) ќе се одржи настанот „Кога мачката ја нема, глувците оро играат“ на „Партизанска штампа“ и другарите, каде ќе биде промовиран фанзинот „На пример“. Притоа ќе и има штампање во живо, свирка на „Ниандра“, но и инсталација на Вера и Лора, уметници резиденти во „Партизанска штампа“.
„У петок дојдете си по вруќ фанзин, музика, понесете текстил за штампа, мезнете, пивнете сигурно ќе има и шмекање, чепкање и љубакање. Ќе има акција!“, се вели во најавата за настанот.
„Ниандра“ е нов млад бенд од Скопје со „DIY“ панк звук и енергија. Составен од тројца ентузијасти за брза и динамична музика, полна со дисонантни гитари и оштри рифови.
„На ппример“ е фанзин во фотокопир варијанта и корици во сито печат. Инициран во 2020-тата, ова му е 6-тото издание под број 5.
Гуратори: се Вера Рос и Лаура Гилет.
Автори: Јана Деловска, Илина Ѓорѓиевска, Јелена Белиќ, Марта Патлиџанковска, Стефан Алијевиќ, Лусиана Ампева, Ангела Маневска, Горјан Атанасов, Јулија Ојден, Марко Печеновиќ, Сара Богоева, Доротеј Нешовски, Госи ЕТЦ, Јасна Николова, Јован Гаковски, Владимир Муратовски, Владимир Лукаш, Александра Зографски, Дамјан Илиќ, Јоана Ристеска, Ана Трајковска, Мила Манасова, Иво Веиќ, Јасна Николова, Дона Илијевска, Ертунч Сали, Даниела Јенева и Стефан Антоноски.