Најмоќната деловна жена во светот е Мери Бара, директорка на „Џенерал моторс“, објави магазинот „Форчн“.
Педесет и двегодишната Бара, која целата своја кариера ја поминува во „Џенерал моторс“, е надредена на 212.000 работници на шест континенти и е прва на листата 50 најмоќни деловни жени, според магазинот.
На листата има најмногу, дури 27, жени од САД, а потоа следат оние од Сингапур, Бразил, Велика Британија, Саудиска Арабија…
Најмоќната жена која доаѓа надвор од САД е Бразилката Мариа дас Грацас Силвиа Фостер. „Првата“ директорка на енергетската мултинационална компаниј „Петробас“ со седиште во Бразил се наоѓа на четвртото место на листата на највлијателни деловни жени.
Интересно е дека највисоко рангирана претставничка од Европа, Британката Алисон Купер, се наоѓа дури на 15-тото место. Четириесет и седумгодишната Купер е колешка по функција на претходно наведените деловни жени во мултинационалната тутунска компанија „Империјал тобако“.
Најмлада меѓу најмоќните дами од светот на бизнисот е Мариса Маер. Оваа 37-годишна претседател, е и генерална директорка на „Јаху“ и се наоѓа на 14-тата позиција.
Посебно интересна е личноста која што се наоѓа на 43-тото место, а нејзиното име е Лубна Олајан. Таа е директорка на компанијата „Олајлан Фајненсинг“ од Саудиска Арабија и е вистинска „шампионка на родовата рамноправност на средниот Исток“.
Најмоќните десет деловни жени во светот се:
1. Мари Бара – ГМ
2. Џини Ромето – ИБМ
3. Индра Нуји – Пепсико
4. Мариа дас Грацас Силвиа Фостер – Петробас
5. Елен Кулман – ДуПорт
6. Ирен Росенфелд – Монделез Интернешнл
7. Мерилин Хејсон – Локед Мартин
8. Мег Витман – Хулит Пакард
9. Патрисија Воперц – Арчер Даниелс Мидленд
10. Гејл Кели – Вестпак