Вечерва со почеток во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи јавен форум на тема „Кој губи, а кој добива од неказнивоста?“. Настанот е во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ која произлезе од протестите за правда на 22-годишната Фросина Кулакова која на крајот на јануари беше смртно прегазена на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје.
Сите заинтересирани граѓани на форумот ќе имаат можност да дискутираат за недостатоците на правниот систем, избегнувањето на одговорноста, неказнивоста и можните решенија по овие прашања, велат од граѓанската иницијатива.
„Додека малцинството привилигирани дивеат и не понесуваат одговорност за своите постапки, сите ние ги трпиме последиците. Затоа, неправдата мора да престане. Целта на овој форум е да произлезат автентични решенија од самите граѓани, почнувајќи од системот за работа со деца и млади во судир со законот, па сè до реформите во правосудс
Од иницијативата велат дека не смее да се заборави дека Фросина, но и сите други досегашни и потенцијални идни жртви се, како што велат, индиректна последица на системот кој не казнува. Според нив, последното сообраќајно злосторство само ги извадило на виделина сите недостатоци на правниот систем
„Што ни потврдува дека одговорност мора да има, не само за убиецот, туку и за сите алки во системот кои му овозможиле да продолжи со своето деструктивно однесување. Решенија има, но дали има волја да направиме реални промени? Затоа, време е сите заедно да застанеме зад мерките што ќе ја вратат правдата во системот, кои ќе ја вратат довербата кај граѓаните и ќе гарантираат сигурност во нашите домови, на улиците каде што живееме, работиме и се движиме секојдневно. Потребни сме му на градот и општеството како заедница која бара одговорност, правда и безбедност за сите“, велат од „Кој е следен?“.
Форумот е отворен за сите заинтересирани граѓани и е втор по ред, по уличниот форум „Зошто нашите градови се небезбедни“ кој се одржа во неделата на раскрсницата кај Зоолошката градина во Скопје.
За во недела пак, на 16 февруари е закажан уште еден протестен марш на граѓанската иницијатива, кој следува по двата масовни протестни марша кои претходно се одржаа во Скопје.