Просечната нето-плата во октомври 2023 година во Северна Македонија изнесувала 38.843 денари, покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Оваа цифра е за 17,3% повисока од просечната нето-плата за истиот месец лани.
Ваквото зголемување, според ДЗС, се должи, пред сѐ, на растот на платите во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26,2%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20,2%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20%).
Истовремено бројките покажуваат дека разликата меѓу најниската и највисоката плата по дејности изнесува речиси 72 илјади денари.
Ние подготвивме визуелен приказ од десетте најмногу и најмалку платени дејности според последните податоци на статистичарите. Инфографикот може да го погледнете во продолжение:
Даниел Евросимоски