Компаниите се обвинети дека воопшто не направиле прогрес во намалувањето на пластичниот отпад, а „Кока кола“ го држи првото место по производи кои ја загадуваат околината.
Според „Ослободи се од пластиката“- „Кока кола“ е најголемиот загадувач на годишно ниво, бидејќи шишињата за пијалокот се најчестиот отпад најден на плажите, реките, парковите и околината во 55 држави кои биле дел од анкетата на здружението. Во анкетата учествувале вкупно 55 земји.
„Кока кола“ загадува двојно повеќе отколку „ПепсиКо“ и „Нестле“ заедно. Брендингот на „Кока кола“ бил пронајден на 13,834 пластики, на „ПепсиКо“ брендингот бил пронајден на 5,155 пластики, а на „Нестле“ брендингот бил пронајден на 8,633.
На годишното истражување учествувале 15,000 волонтери ширум светот. Оваа година биле собрани 346,494 парчиња пластика, од кои 63 отсто биле обележани со бренд.
„Кока кола“ се најде во вртлог од критики кога претходно оваа година компанијата соопшти дека ќе ги задржи пластичните шишиња бидејќи се најпопуларни кај потрошувачите. Во март, „Кока кола“, „ПепсиКо“ и „Нестле“ беа посочени како одговорни за половина милион тони пластичен отпад најден во шест земји во развој, на годишно ниво.
„Најголемите светски производители на пластичен отпад тврдат дека работат на решавање на проблемот со пластичниот отпад, но тие продолжуваат да произведуваат пластични пакувања за една употреба“, изјавила Ема Пристленд, координаторка во кампањата „Ослободи се од пластиката“.
Пристленд истакна дела единствениот начин за да се спречи растот на пластичнот отпад во светски рамки е да се стопира производството и да се имплементира повеќекратната употреба.
„Кока кола“, „ПепсиКо“ и „Нестле“ треба да го предводат процесот на пронаоѓање на вистински решенија и да го променат начинот на пакување на своите продукти“, вели таа.
Скоро 91 отсто од пластичниот отпад не се рециклира и се фрла во природата, покажува студија од 2017 година.
„Голем дел од пластиката не може да се рециклира. Ја наоѓаме насекаде, во водите, во почвите. Кога е закопана, пластиката ја загадува почвата. Тоа што не може да се рециклира не треба да се произведува“, изјавил Симон Мбата, националниот координатор во африканската Асоцијација за собирање на пластичен отпад.
Од „Кока кола“ изјавиле дека работат на решавање на проблемот во заедничко партнерство со други компании. Оттаму го отфрлиле коментарот дека компанијата не направила никаков прогрес на ова поле.
„Глобално, се обидуваме да го вратиме секое шише до 2030, така што би се намалил отпадот во океаните, додека пластичните шишиња може да се рециклираат во нови. Шишињата од 100 отсто рециклирана пластика се достапни во 18 маркети на глобално ниво и работиме да ја зголемиме таа бројка“, изјавиле од компанијата.
Портпаролот на „Кока Кола“ нагласил дека компанијата го намалила производството на пластиката.
Портпарол од „ПепсиКо“ истакнал дека компанијата презема акција за да го намали отпадот преку „партнерство, иновација и инвестирање“. Од компанијата нагласиле дека имаат поставено цели за „намалување на пластиката за 35 отсто до 2025 година.
Во соопштение од „Нестле“ истакнато е дека компанијата направила значителен прогрес во пакувањата, иако признаваат дека потребно е поголем труд.
„Ние го зголемуваме нашиот труд за да ги направиме пакувањата 100 отсто подложни на рециклирање до 2025 година. Засега, 87 отсто од нашите пакувања и 66 отсто од пластиките се рециклираат или се за повеќекратна употреба.
Извор: Guardian