Студентите на Тринити колеџот во Даблин го завршија петдневниот протест со кампување пред универзитетската зграда откако универзитетот се согласи да ги прекине своите врски со израелски компании.
Студентските лидери прогласија победа вчера вечерта за кампањата во стилот на студентските протести во САД која го наруши животот на кампусот и го блокираше пристапот до Книгата на Келс.
По пет дена, високото раководство на универзитетот се договори со демонстрантите.
„Тринити ќе ги прекине сите инвестиции во израелски компании кои имаат активности во окупираната палестинска територија и кои се појавуваат на црните листи на ОН. Тринити ќе се обиде да се откаже и од инвестициите во други израелски компании“, се вели во официјалното соопштение.
На списокот на добавувачи на Колеџот има само една израелска компанија која ќе остане до март 2025 поради веќе склучени договори, се додава во соопштението.
Кампот во кампусот започна на 3 мај кога про-палестинските демонстранти поставија десетина шатори на Плоштадот на соработниците, што е слично на акциите кои се преземаат во САД, Европа и Индија како одговор на израелската војна против Хамас што се води во Газа.
Спротивно од конфронтациите во САД каде полицијата присилно ги отстрани демонстрантите од неколку универзитети, овде немаше обид за да се прекине протестот. Оин О’Саливан, постар декан кој ги водеше разговорите со студентите им се заблагодари за нивната „ангажираност“.
Даблинскиот кампус кој се наоѓа во срцето на главниот град на Ирска, деновиве кога беше затворен за јавноста го чинеше универзитетот 350.000 евра загубен приход бидејќи посетителите не можеа да ја видат Книгата на Келс – средновековен ракопис и туристички магнет.
„Мислам дека губењето на приходите беше клучно. Мислам дека ова беше неизбежно. Кампусот сега изгледа многу среќно“, изјави Руби Топалијан, уредничка во студентскиот весник Тринити Њуз. Таа додаде дека студентите овде добиле договор што е многу подалеку од другите универзитети.
„Го мразиме и забрануваме секое насилство и секоја војна, вклучувајќи ги и злосторствата на 7 октомври, киднапирањата и континуираниот жесток непропорционален напад на Газа. Хуманитарните кризи во Газа и дехуманизацијата на луѓето таму е непристојна“, соопштија од Колеџот.
Од таму кажаа дека ќе отстапат шест места за постдипломски и две за додипломски студии за студенти од Газа на кои ќе им бидат покриени сите трошоци.