„Колектив Ветерница“ во сабота (9 април) организира инклузивна работилница за изработка на т.н. кукли „јавајки“, или кукли на прачка.
„Ќе правиме ПЛАШИЛА по повод доаѓањето на пролетта. Куклите ќе бидат изработени од прачки, различни рециклирани текстилни материјали и коноп“, стои во повикот на „Ветерница“.
Сите заинтересирани можат да се пријават со порака или со мејл на marionetamk@gmail.com, со цел организаторот да обезбеди материјали за сите присутни.
„Секој учесник со себе ќе си понесе кукла плашилото за да го чува од злото“, велат од „Ветерница“.
Работилницата ќе се оддржи во студиото на „Колектив Ветерница“ на ул. Орце Николов 164а, од 16:30 до 18:00 часот.
Влезот е бесплатен, а бројот на пријави е ограничен според ковид протоколите за организација на работилници од ваков тип.
Дополнителни информации на тел: 075329499