Поради трагичниот настан што ја потресе цела Македонија, колективот „Кула“ одлучи да организира хуманитарна продажна изложба како израз на солидарност и поддршка.
„Ги повикуваме сите уметници да се приклучат и да донираат свои дела, кои ќе бидат изложени и продавани во кафе ’Буква’, а сите собрани средства ќе бидат донирани за помош на погодените. За повеќе информации и начинот на учество, контактирајте нè. Ваши Кулаши“, стои во нивното соопштение.
Инаку, „Кула“ е независен колектив на уметници и различни артисти од Скопје, основан во 2015 година. „Кула“ е организатор на еден од најзабележителните супкултурни фестивали „Под земја полесно се дише“.