Колективот „Undone“ го објави новиот албум „Fountaihead“

После цела ковид година и два земјотреса во еден ден, домашниот колектив „Undone“ на 11.11.2020 го издаде својот нов албум „Fountainhead“.

Музичката банда на Ронит Бергман вели дека овој албум истовремено инспирира и раскажува за музичари, уметници мислители и учења, некои стари и по илјадници години.

„Некои починаа во последните векови… Некои се’ уште живи, тие се собраа во ‘племиња’ според нивните есенции… Секоја песна е посветена на ‘племето’ на знаење и има за цел да го долови срцето и душата на неговото значење, изразено во песна и зборови…“, стои како инфо за албумот.

Освен вокалот на Ронит Бергман, инструментариумот на „Undone“ во овој албум го сочинуваат и Влад Каевски, Ден Хирсч, Филип Бошевски, Дарко Тасевски, Андеј Атастасов Даскаловски, а како специјални гости се појавуваат и Нога Шатз и Сир Јорам Гур.

Коверот на албумот е на Марк Ентвисл, антологиско фото направено со својата камера играчка, „Дајана 120-ка“. Фотографијата е внатрешноста на автомобил „Амбасадор“, сликана во Брик Лејн, Лондон.

Приказната за „Undone“ започна во 2010 кога Ронит Бергман беше поканета во Македонија да направи поетски перформанс. Потоа, перформансот продолжи на интернационален поетски фестивал во Струга, а подоцна се претвори во албум „If We Are Here“ (2011). Останувајќи на експерименталниот поетски-рок пат, следниот албум „Indeed“ беше создаден низ тридневна џем сесија, по што Бергман имаше се’ повеќе колабораации со пријатели, луѓе што ги запознаваше преку интернет, или со музичари од Македонија.

Обично музичарите кои учествуваат во колективот „Undone“ имаат свои проекти и бенд, па кога работат заедно – секој со свој музички белег се вклучува во создавањето на песните, свират, пеат, креираат звук… На тој начин беше издаден „Family“ во 2016 и „kNOWing Eva“ во 2017 година.

Пред „Fountainhead“, составот во 2018 го издаде и албумот „Everything Is new under the Sun“.

Музиката на „Undone“ често патува низ она што се вика „exotic sandalgaze quest“, алтернатива, нео-психоделија, спејс-поезија…

Б.Ш.