Театарот „Сенки и облаци“ утре (26 април) од 19 часот ќе ја изведе претставата „Колку е часот“. Се работи за претстава на македонски јазик, која трае 35 минути и е наменета за возрасти од +5 години.
„Старо Купувам ѝ подари на Сара еден часовник кој чука во некое си чудно време – два пати тик, еднаш так! Чие ли време покажува тој? За да дознае, Сара се нурна дури до дното на океанот одлета до крајот на универзумот и замина на пат околу светот но сепак одговорот не го најде. Ќе остане ли тажна, или пак можеби по пат си најде ново другарче?“, стои во инфото за претставата.
Задолжителна резервација во инбокс на ФБ страната на „Сенки и облаци“.
Препорачана донација 250 денари.