Поттикнат од протестите на кои сме сведоци деновиве, морав да го изразам моето незадоволство и мојот став околу екстерните тестови. Протестите се организирани од страна на учениците од основно и средно училиште, чија цел е укинување на екстерните тестови. Основците и средношколците бараат да им се укинат тестовите, поради нивните аргументи дека се залудни и дека истиот материјал го полагаат и на завршните тестови по истиот предмет.Многу ме интересира каде се овие ученици цела година да реагираат на ова? Измените на законите за основно и средно образование се донесени во август 2012 година. Па добро, каде сте цела година, или дојде нож до коска па ајде три дена пред полагање ке протестираме? Немојте да мислите дека не сум против екстерното испитување, но и учениците се оние кои требаа порано да мислат. Искрено, мојот став е дека е залудно и непотребно да полагаат ад хок тест. Имам неколку аргументи дека сум против самото екстерно тестирање:
1.Тест од 30 прашања со заокружување. За да биде квалитетен, еден тест треба да има и задачи со дополнување и самостојни одговори. МОН цело време бараат од децата такви тестови да прават преку годината, а сега не . Со ова ми кажува дека сами се побиваат.
2.Оценувањето на учениците претставува збир на повеќе активности: тестови, усно испрашување, реферати, писмени работи, активност на час, а секако и редовноста на часовите и дисциплината на самиот час. Тестот за екстерно, фала богу не исполнува ниту еден од горенаведените услови.
3.Техничките услови за оддржување на екстерните тестови… НЕМА , бидејки пропадна „компјутер за секое дете“ и опремата магично ја снемува, само одреден број деца ќе полагаат.
4.Неорганизираност. Тестот ќе трае 40 минути, па после ајде 60, па списоците денеска ги дадовме, па наредниот ден имаме грешка во списоците. Па си мислиш се е готово, а па четири дена пред полагање: „Еј, знаете што? Ние направивме нови списоци…“ А согласно Правилник за начинот за спроведување на екстерното тестирање, (ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ФОРМИРАЊЕ И РАБОТЕЊЕ НА УЧИЛИШНАТА КОМИСИЈА, ТАЈНОСТА НА МАТЕРИЈАЛОТ ЗА ЕКСТЕРНО ПРОВЕРУВАЊЕ, НАЧИНОТ НА ПРОВЕРУВАЊЕ НА ТЕСТОВИТЕ ОД УЧИЛИШНАТА КОМИСИЈА, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАЈОТ ОД ЕКСТЕРНОТО ПРОВЕРУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА бр. на Службен весник 62/2013) термините за екстерното проверување согласно генералниот распоред, како и интерниот распоред, од страна на училишната комисија се објавуваат на училишната огласна табла најдоцна седум дена пред почетокот на екстерното проверување.
5.СОНК – ( може ќе звучам грубо ) Кај сте АЛООО , на 24 мај ке протестирале , арно ви текна на неработен ден. Плус наставниците беа оние кои требаа да излезат да протестираат, а не учениците, јас ли треба да излезам и да кажам дека МОН си игра со вас?!?
И како за крај на моите аргументи,
6.Единствен кој може да го оцени професорот е ученикот. Исто како што единствен кој може да го оцени ученикот е наставникот, бидејки тие работат девет месеци непрекинато. А не некој од страна кој фала богу не седнал со деца, им смислува прашања и ќе ги оценува.
Слушнав еден интересен факт, кој ниту еден од нашите медиуми не го сподели. Тоа е дека полагањето на екстерните тестови не те исклучува од полагањето на годишен тест. Tоа подразбира дека доколку на истиот ден каде полагаш на пример екстерно по хемија , ќе треба да се вратиш во училиште и да правиш годишен тест по истиот предмет. Искрено, смешно е истиот материјал да се полага двапати. Да се надоврзам на погоре, како дојдов до тоа дека не си ослободен од годишен тест, во последните неколку денови многу средношколци на кој или сум им предавал или ги познавам од некое од средните училишта ширум Македонија, ме исконтактираа со прашањето како можат да дојдат до тоа да организираат еден масовен протест и како би можеле да го укинат самото полагање. Интересно е дека деца кој се уште не се полнолетни бараат да организираат масовен протест, значи можете да го забележите нивното (не)задоволство.
Еден исто така добар момент е дека родителите ги поддржуваат во самата идеја за протест и укинување на екстерното полагање. Дури гледав што се случува на самите протести и како децата се борат за нешто што сакаат да го добијат, видов и еден момент кој е стварно смешен, но и трагичен, т.е. повеќе трагичен – обидот да се политизираат протестите. Дали власта не може да ги прифати негодувањата на малолетниците ( бидејки се работи за деца до трета година средно) па пробува да да ги направи да изгледаат дека се политички? И што ќе се вадат дека младиве не се против екстерното, туку опозицијата ги тера да протестираат … Oh Really ?!
И стварно ме мачи една работа и сериозно се уште неможам да ја разберам главната цел на полагањето на екстерните тестови. Дали се за успехот на учениците и нивното познавање на материјалот (а тоа и нивната иднина понатаму) или за одредување на платите на наставниците и професорите?
Антонио Даниловски