„Black Friday“ е на повидок и додека голем дел од луѓето ги подготвуваат кесите за богатството во трговските центри, јас се соочувам со година во која не купувам ништо, забрана за купување цели 12 месеци.
Инспирирана од „Black Friday“, движење спротивно на „Buy Nothing Day“, сакав да видам дали ќе можам да издржам цели 12 месеци без да потрошам на нешто освен за сметки и храна.
Тоа значи дека нема јадење надвор, нема кино, одмори, концерти освен ако се бесплатни, без дружење во пабови, без нова облека, без кафе – ја сфаќате идејата. Тоа исто така, значи дека не купувам билети за воз или автобус, така што го користам мојот велосипед за транспорт од точка А до точка Б. Нема можам да позајмам од семејството или пријателите, бидејќи е година без купување, не просење.
Јас не сум единствената личност што го пробала ова. Расте движењето на луѓе кои му го вртат грбот на консумеризмот и се насочуваат кон купување искуства и патувања низ светот. Во Америка, групата the Minimalists ги охрабрија луѓето да живеат со помалку, додека во Канада Cait Flanders, која пишува за блогот Blonde on a Budget си забрани шопинг. Во Велика Британија, Kath Kelly дневно, во рок од една година трошеше само една фунта, со цел да му купи на својот брат скап свадбен подарок.
Овие луѓе ме охрабрија да погледнам кон она што го конзумирам и да ги контролирам моите пари, давајќи ми надеж дека забраната за трошење низ цела година не значи да се седи затворен. Тие не живеат како испосници цела година, тие наоѓаат нови начини да се забавуваат, се впуштаат надвор од нивната комфортна зона и ги подобруваат нивните животи.
Зошто сакав да ги следам нивните чекори? Заедно со мојот сопруг поминавме 18 месеци во намалување на количината на работи во нашиот дом откако се претворивме во магацин за складирање, со кутии полни со работи кои не ни беа потребни. Ги дадовме и ги дониравме работите кои не ги користевме повеќе и ги продадовме предметите кои беа вредни за да ја исплатиме хипотеката.
Сфатив дека додека живеевме во Лондон среќа беше што воопшто имавме хипотека, но тоа не значи дека сакам да заглавам со неа 25 години. Ослободувањето од нив најбрзо што може беше привлечна идеја и за навистина да направам промена морав да се справам со секојдневните навики на купување. Половина од моите месечни сметки изнесуваат околу 1000 фунти, но не знам каде оди остатокот од моите пари.
Откако пресметав колку годишно ме чини кафето, сфатив дека 400 фунти сум потрошила само на кафиња за носење. Непотребни пазарења во супермаркети и ручеци надвор заедно изнесуваат дополнителни 1000 фунти, покрај генералното пазарење еднаш месечно.
Моето трошење заедно со она на останатите луѓе, е она што треба да го претставува подобрувањето на Велика Британија. Според податоците на владата, луѓето трошат 90 милијарди фунти месечно а не можеме целосно да престанеме да трошиме. Ако го направиме тоа, бизнисите ќе опаднат, луѓето ќе ги изгубат своите работи, а компаниите нема да можат да исплатат дивиденти на инвеститорите, но тоа не значи дека треба да се запрашаме на што ги трошиме нашите пари или дали живееме надвор од нашите средства.
Голем дел од конзумеристичкиот круг е заснован на кредит, што значи дека ги вложуваме сопствените пари во црвено, додека економијата се бори да го постигне црното.
Се разбира, за голем број луѓе во Велика Британија, користењето на кредитните картички е единствениот начин да се стави храна на масата и признавам дека забрана за трошење е веќе начин на живот кај сиромашните. Јас го имам луксузот да изберам да излезам од конзумеристичкиот круг.
Се надевам дека наредната година ќе ме научи на неколку работи за тоа колку малку ми е потребно за живот, да ми помогне да заштедам повеќе и да ги отворам своите очи за прекрасните бесплатни настани кои се случуваат токму пред мојот нос.
Животот во Лондон ќе биде благослов и проклетство. Има богатство од настани кои се случуваат во главниот град, со свирки, концерти и настапи пред мојот праг, но тие често доаѓаат со големи цени. Меѓутоа, постојат голем број настани кои можат да се посетат, но досега го немам тоа направено. Нема да биде лесно и сигурна сум дека ќе има времиња кога парите ќе мора да ги сменат рацете.
Единствениот буџет кој треба да го потврдам е за храна. Се разбира, треба да се осигурам дека моите три оброци се спакувани во мојата торба, ако сакам да имам јадење за носење, заедно со термосот за чај.
Автор: Michelle McGagh
Извор: Guardian