Како што ветив, еве уште слики од Газа. Не ја заборавајте Газа! Особено сега кога Нетанјаховите копнени сили имаат намера конечно да ги уништат. Физички и психички. Тенкови против колички! Каков апсурд. Дали Нетанјаху знае што прави? Дали има некаква стратегија или е заложник на внатрешната политичка паника?
Не сум пријател на Хамас, ниту некогаш ќе бидам. Остро ја критикувам идеологија на Хамас и „воената стратегија.”
Но, затоа сум пријател на Палестинците и одбивам немо да гледам како се газат нивните права и достоинство. Секако дека Израел има право на самоодбрана против бесмислените напади на Хамас и други борбени групации. Во тоа, во голема мера им помага и совршениот систем за заштита од проектили „Железната купола“.
Меѓутоа Израел нема право стотици куќи да ги сравни со земјата, да истреби цели семејства, да бомбардира домови за лица со посебни потреби, да убива деца кои се играат на плажите и да урива кафулиња каде што младите луѓе се собираат за да гледаат Светското првенство. Газа е пекол на земјата.
Нетанјаху најави дека има намера да нанесе тежок удар на Хамас. Но, тој не го ослабува или уништува Хамас, туку Газа и нејзините жители. Меѓународно-правно, бомбардирањето на Газа е воено злосторство, а не самоодбрана. Забрането е колективно да се казнува цел народ. Тоа се учи уште во прва година на Правниот факултет.
Во четвртокот, го посетив израелски Ашкелтон, еден од трите главни цели на палестинските ракети. Едно од најсериозните оштетувања таму е една градинарска сауна. Секогаш слушам што тие имаат да кажат и двете страни. Се чини дека на други места во Израел има и поголема штета.
Незначителен број рачно изработени ракети во Газа продираат преку „железната купола“, сензационалната израелска противракетна одбрана. Нетанјаху го знае ова многу добро. Сепак, и покрај тоа поради домашната политика продолжува да ја држи својата земја во гротескна психоза.
До денес на пладне, во недела, по палестинско време, израелските ракети усмртиле 404 Палестинци и повредиле најмалку 2815. Бројката расте од час на час. Седумдесет и пет отсто се невини цивили.
Хамасовите „ракети” убиле двајца Израелци и повредиле 7. Од почетокот на израелската копнена офанзива загинаа уште четворица Израелци.
Оние кои и понатаму продолжуваат да ја изедначуваат воената безбедност на Израел со драматичата состојба и нераскажаните страдање во Газа, ја мамат светската јавност. Војната е само во Газа, не е во Израел. Сето останато е пропаганда.
Треба ли меѓународната заедница конечно да одговори на неправдата во Газа? Размислува ли некој за воведување на меѓународни санкции против Израел, како некогаш против Јужна Африка и денес против Русија? Не сум јас Џон Кери, државниот секретар на САД, кој неодамна зборуваше за апартхејдот. Смееме ли воопшто да не ги поставиме овие прашања? Дали се уште се применува принципот дека “сите имаат еднакви права“?
Дали Нетанјаху конечно ќе почне да преговара со Хамас? Зарем три убиствени војна во Газа во само шест години не се доволни? Очигледно е дека конфликтот во Газа не може да се реши со заедничко бомбардирање и затворање 1.800.000 Палестинци.
Или можеби претставниците на двете страни треба само негде да се состанат и меѓусебно да се испоубијат наместо да го измачуваат народот на Газа? Приказните за луѓето на Газа се пренесуваат илјада години. Тоа се понижен и обесправен мал народ кој надмоќниот сосед го чува во голем кафез и му ја исклучува струјата кога ќе му се присака.
Ќе се пишува за тоа како луѓето на Газа како кртици почнаа да копаат тунели кон околните земји за на неколку дена да ја помирисаат слободата. Тие отидоа под земја со цел да не живеат како инфериорни раса. Каков парадокс!
Запрепастените потомци ќе дознаат дека никој од водечките политичари од тоа време, кои постојано зборуваат за човекови права, не го крена својот глас, во знак на протест, интервенција. Дека никој не ја дели болката на жителите на Газа. Со мајките чии деца им умираат во рацете.
Засекогаш ќе се зборува за срамот во Газа. За безмилосната репресија и понижување на нејзините жители од страна на Израел. За неуспехот на светската јавност кое ги третира како граѓани од третиот ред. Жан Пол Сартр би рекол, како “нелуѓе”.Кога ќе помислам на Газа, се срамам од пасивноста на нашиот свет и сопствената немоќ. Сите ние затаивме.
Завчера се вратив во Германија. Секој ден добивам e-пошта со прашањето за тоа колку долго ќе имам храброст да се спротиставувам на јавното мислење на Западот. Мојот одговор е: „Животот е премногу краток за постојано да ја избегнуваме вистината.”
Секој ден доаѓаат и смртни закани. Јас веќе и не им обрнувам внимание. Секој пат мислам на луѓето во Газа, на оваа проколета земјата. Најдобро веднаш таму би отпатувал.
Пишува: Jürgen Todenhöfer
Авторот е поранешен германски политичар и до 2008 година е директор на медиумска компанија „Хуберт Бурда медиа“. Тој беше член на ЦДУ во Бундестагот од 1972 година до 1990 година и важи за еден од најострите критичари на американската инвазија на Ирак и Авганистан.
Извор: Рescanik.net