Борбата против режимот не ја почна СДСМ, туку ја почнаа хонорарците, студентите, одамна ја водат и стечајците. Време е да продолжиме уште појако со таа борба затоа што никој од ЕУ нема да дојде да ни даде рака и да не извлече од темницата, пишува политикологот Соња Стојадиновиќ во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.
Изборите најверојатно ќе се одложат, избирачкиот список ќе се прочисти, но не и целосно исчисти, а на Македонецот нервите повторно му се истестирани.
Последнава недела откако сега бившиот премиер Груевски поднесе оставка на која беше приморан со Договорот од Пржино, одлуките на политичките играчи на македонската сцена се менуваат на секои 12 часа. Ако не се следат сите изјави, телевизии, прес конференции, можат да се пропуштат важни информации, па потоа и деманти на тие информации и на крај скоро да е невозможно да се фатат ни почетокот ни крајот на македонската политичко- сапунска опера.
Последнава недела откако сега бившиот премиер Груевски поднесе оставка на која беше приморан со Договорот од Пржино, одлуките на политичките играчи на македонската сцена се менуваат на секои 12 часа. Ако не се следат сите изјави, телевизии, прес конференции, можат да се пропуштат важни информации, па потоа и деманти на тие информации и на крај скоро да е невозможно да се фатат ни почетокот ни крајот на македонската политичко- сапунска опера.
Како што и беше очекувано, опструкциите за СЈО Катица Јанева продолжуваат и воопшто нема да биде чудно ако биде казнета од страна на Советот на јавни обвинители под обвинение (за мене наводно) дека работи неодговорно и несовесно. Ме интересира како таа работи неодговорно и несовесно кога Собранието се уште не го изгласало буџетот кој таа го побара, а веќе стаса да изгласа самораспуштање. Притисоците и безобразното подигрување и потценување на нејзината работа продолжува преку комплицирање со барање на записник во процесот на преземање на снимките од прислушувањето.
Повеќе од јасно е дека никој од кримо-политичарите кои се уште седат на Илинденска 2 не сака да оди во Идризово, но ако не сакаат да бидат затворски птички, тогаш не требаше ни да прифатат да се воспостави СЈО. Секако дека таа точка беше ставена на хартија од страна на олеснувачите и надворешниот фактор, но превеслувањето на надворешниот фактор и неисполнување на дадените ветувања станаа заштитен знак на Груевски и неговата фамилија. Ако не успеаа да ја отфрлат обврската воспоставување на СЈО, мораме да признаеме дека се уште добро успеваат да ја дерогираат таа се уште не профункционирана институција.
Вината за мамутски долгата политичка криза не лежи само во кримо-политичарите, туку и во надворешниот фактор. Свесни сме дека САД имаат донесено одлука балканските племиња на каубојски начин да ги смират еднаш засекогаш, но ЕУ мора да признае дека се уште кон Македонија се однесува како кон улично куче кое не го прифаќа ни по која цена. Долгогодишното толерирање на криминалот кој доаѓа директно од политичкиот врв, надополнето со ставање на преговарачи со сомнително минато, само потврди дека ЕУ нема искрена намера македонската црна дупка да ја претвори во светол европски автопат.
Прифаќањето на 24 април како реален датум за одржување на фер и демократски избори дава знак дека ЕУ го прави македонскиот народ будала. Не можеме да веруваме дека тие немаат поим со кого ние се бориме 10 години и од кого сакаме да се ослободиме. Кога го создаваа договорот од Пржино, пропуштија да стават неколку клучни точки, а тоа се никој од кримо-политичарите чии гласови се слушаат на снимките од прислушуваните разговори никогаш веќе во животот да нема право да се кандидира дури ни за претседател на месна заедница, целиот нивен имот да се конфискува и да се направи целосна ревизија на вработувањата во државната администрација во времето на нивното владеење.
Борбата против режимот не ја почна СДСМ, туку ја почнаа хонорарците, студентите, одамна ја водат и стечајците. Време е да продолжиме уште појако со таа борба затоа што никој од ЕУ нема да дојде да ни даде рака и да не извлече од темницата. За да го направиме светлиот европски автопат, треба сами да ја ископаме земјата и да го исфрлиме коровот.