Зошто протестираат студентите во Амстердам, кои се нивните барања, се случи при упадот на полицијата на окупираниот универзитет се дел од прашањата за кои пишува Огњан Денковски, студент на „Amsterdam University College“ во колумната за Радио МОФ. Во неа тој појаснува како течеше окупацијата, како се организирани студентите, но и што во моментов се случува во окупираните зони.
Холандските студенти веќе подолго време го изразуваат своето незадоволство со правецот во кој се движи холандскиoт образовен систем. Авторитативниот став од страна на администрацијата на универзитетите, недостатокот на транспарентност во носењето одлуки и кратењата во државниот буџет за високо образование, се само дел од проблемите со кои студентите се соочуваат последните десетина години.
Последната капка, велат студентите од Универзитетот во Амстердам (UvA) е објавувањето на Профил 2016 (Profiel 2016), програма која предвидува целосна реконструкција на оделот за хуманистички науки, одземајќи ја можноста за специјализација во голем дел од досега понудените студии. Профил 2016, меѓу останатото, предвидува кратење на голем дел од буџетот на хуманистичките науки, со што би се поништиле голем дел од магистерските програми во оделот за хуманистички науки, односно сите со помалку од 50 заинтересирани студенти, кои од страна на универзитетот се оценети како неефикасни, поради малиот број на на дипломирани студенти.
Студентите првично го изразија своето незадоволство со окупација на Спинхаус (Spinhuis) во септември 2014, откатко администрацијата даде изјава дека Факултетот за Општесвени Науки ќе биде преместен од Спинхаус (објект со симболична вредност за голем дел од студентите и вработените) на нова локација, поради организациски реформи. Тука се формираа и првите групи за дискусија со хоризонтална постава во форма на пленум, каде што беа договорени и првичните барања на студентите базирани на корпоративната природа на високиот образовен систем во Холандија. Голем дел од студентите беа револтирани сметајќи дека промените со кои се соочени се носат во време каде што студентското тело нема да има шанса да придонесе во дискусиите за егзекутивни одлуки , каде што универзитетот се претвора во машина за произдводство на дипломи, а не простор за стекнување знаење и истражувања врз основа на интерес во одредени полиња.
Студентите го окупираа Спинхаус од септември 2014 до јануари 2014, по што ја напуштија локацијата. По мирното напуштање на Спинхуис, набргу тие повторно се организираа, по што беа формирани две нови инцијативи. Првата, наречена Хуманитис Рели (Humanities Rally), организираше протест на 13 февруари. Истиот ден, членовите на втората студентска иницијатива наречена Новиот Универзитет (The New University), влегоа во Бунгехуис (Bungehuis), историски значајна зграда и истовремено главно седиште на Факултетот за Хуманистички Науки каде студентите успешно вршат 11 дневна окпуација исполнета со алтернативни предања, прес конференции, дискусии, и информативни разговори за процедурата во случај на апсење.
За време на 11 дневната окупација, студентите во Бунгехуис стекнаа се поголема подршка од нивните колеги и професори од Универзитетот во Амстердам. Внатре, студентите беа организирани со систем за носење одлуки базиран на хоризонтално тело, нешто слично на нашиот, македонски студентски пленум, каде што секој член има право да ги изјасни своите ставови, по што се носат групни одлуки. На ваков начин студентите ја формираа официјална листа со барања која неколку пати беше објавена, а потоа и испратена до администрацијата. Барањата на студентите се базираат околу желбата за повеќе демократија во системот, процена на функционирањето на факултетите на основа на квалитет, а не кванитет (број на дипломи) и поништување на програмата планирана со Профил 2016. Зборувајќи со студентите и набљудувајќи ја генералната атмосфера во окупираната Бунгехаус, беше лесно да се заклучи дека голем дел од нив чуствуваат дека адмнистрацијата нема намера сериозно да ги разгледа нивните барања. Една недела по започнување на окупацијата, адмнистрацијата реши да ги тужи студентите, по што беше донесена судска одлука во која се одреди парична казна од 100.000 евра за секој студент присутен во зградата.
Ваквата одлука предизвика револт кај студентите и медиумите, по што првичната казна е значително се намали на 1000 евра за секој окупиран ден, по личност. Од овој момент полицијата стекна правен налог да изврши евикција. Денот на очекуваната евикција (за која студентите беа претходно известени од страна на полицијата), студентите организира прес конференција во која ги кажаа своите барања пред голем дел од локалните медиуми, и се изјаснија дека движењето ќе продолжи и по евикцијата. На прашање од еден од новинарите за тоа колку луѓе планираат да останат кога ќе дојде полицијата, се јавија мал број волонтери. Сепак следниот ден (24 февруари) кога полицијата ја започнува својата акција, во зградата беа присутни 46 лица, а уште стотици беа наредени околу објектот во обид да ја спречат полицијата, со мирен протест и човечки ланец. Евикцијата мина мирно, но беа повредени неколку лица, што привлече големо внимание во медиумите. Битно е да се појасни дека полицијата во Холандија е законски обрвзана да ги предупреди студентите 3 пати пред да стекне право за употреба на физичка сила. После трите предупредувања, 46-те лица свесно останаа во Бунгехаус, по што беа уапсени и пренесени во притвор. Тројца од уапсените студенти беа пуштени истиот ден, а останатите 43 се ослободени следниот ден, без кривични пријави. Евикцијата пак беше пресретната со протест на кој присуствуваа околу 1000 студенти и професори.
Неколкучасовниот процес потоа ескалираше со окупација на Магденхаус (Maagdenhuis), зградата симбол за студентските движења, од времето кога била окупирана, во 60-тите години од студентите во Амстердам. Окупацијата беше пропратена со организиција на хоризонтална дискусија при која студентите ги посети од член на CvB, егзекутивниот комитет на Универзитетот во Амстердам,кој револтирано ја напушти зградата по долгата дискусија со студентите. Околу полноќ истиот ден, во Магденхаус пристигна и градоначалникот на Амстердам, кој на англиски јазик дискутираше со студентите и даде задоволителни одговори на сите нивни прашања. Оттогаш студентите остануваат во Магденхаус, со дневна програма слична на нивната првична програма во Бунгехаус. Деновиве се шпекулира можноста за штрајк на професорите и членовите на администрацијата од универзитетот кои се незадоволни со новите промени и со ставот на егзекутивниот комитет спрема студентите. Студентите пак, бараат оставка од одговорните личности во надеж дека тоа ќе донесе нов простор за дискусија со што би се зголемила и можноста за промени на реформите во образовниот систем во Холандија. Студентите исто така имаат најавено тужби против егзекутивниот комитет на основа несовесно извршување на должностите спрема студентското тело.
Ова се барањата на студентите:
1. Демократизација и децентрализација на раковдството на универзитетот.
2.Поништување на сегашниот модел на алокација на фондови. Промена во систем на финансирање базиран на квалитет, а не квантитет.
3. Откажување на Профил 2016.
4.Референдум во секој институт и програма за сооработка помеѓу Универизтетот во Амстердам (UvA) и Фрај Универзитетот (VU) во Факултетот за Науки.
5.Одржливи можности за кариери за сите членови на администрацијата.
6. Прекин на шпекулации на имот со фондови одредени за образование.
Генералниот мотив зад сите овие барања е незадоволсто со моменталниот начин на менаџирање.
Генералниот мотив зад сите овие барања е незадоволсто со моменталниот начин на менаџирање.
*Барањата се преземени од официјалната веб страна на Новиот Универзитет.
Огњан Денковски