Очекуваната стапка на економски раст не ветува промени на подобро. Дури и Марио Драги, главниот банкар на еврозоната – во која четвртина од младите луѓе се на Бирото за вработување, признава дека невработеноста во овие клучни години ќе остави „доживотни последици“.
И покрај тоа, нема големи студентски демонстрации. Малобројните протести каков што е „Окупирај го Волстрит“ завршија со неуспех, изгубени во твитање и лајкување. Што ги успа бунтовните умови? Со што се анестезирани?
Веројатно најголемо изненадување претставува рамнодушноста која владее помеѓу студентите на општествените и хуманистичките науки, на факултетите кои важеа за колевки на субверзивни идеи и движења. Нивната незаинтересираност за големи промени и сомничавост кон движечките идеи е поврзана во голема мера со мислата на еден човек – Жак Дерида.
Ниеден мислител во 20 век не влијаеше на толку голем број научни дисциплини и паметни луѓе како овој харизматичен Французин. Многумина делото на Дерида го доживуваат како „крај на филозофијата“, врвот на интелектуалниот развој на човештвото.
На универзитетите ширум светот „читањето на Дерида“ стана ритуал и премин во „вистинската“ интелектуална елита. Иако, тешко е да им се објасни на неинфицираните заводливоста на филозофот кој својата најголема идеја ја опиша со зборовите: „Деконструкција, ако таквата работа воопшто постои, го зазема местото на искуството на невозможното“.
Стратегијата на Дерида за толкување на текстовите, деконструкција, стави акцент на пронаоѓањето на контрадикциите, предрасудите и недоследностите. Со тек на време, тврдат критичарите, се претвори во деструкција – опсесивно уништување на сите големи идеии и дисквалификување на нивните автори.
Иако претставена како израз на интелектуалните побуни против старите „закоравени“ теории и учења, опојната мисла на постмодернистички следбеници на Дерида стана подмолен непријател на секаков друг бунт. Нивното влијание често се наведува како една од главните причини зашто се стекнува впечаток дека веќе нема левица.
Додека „дворските“ филозофи и политиколози, заедно со економистите од „чикашката школа“, развиваа куп идеи на кои се темели поредокот кој веќе четврт век управува со нашите животи, обожавателите на Дерида од левицата се забавуваа, докажуваа дека сите големи идеи се бесмислени и шупливи.
Не е чудно тоа што апологетите на неолиберализмот признаваат дека деридијанците, некогаш нивните најголеми непријатели им станаа сојузници.
Американските конзервативци во осумдесетите ја изгубија идеолошката битка на универзитетите, но набргу се испостави дека ја добија големата војна. Маѓепсани со „теорија“ и опскурни жаргони, скептичните и цинични постмодернисти и нивните стиденти останаа изолирани и неразумни, не сакаа и не можеа да се вклучат во значајните социјални дебати во пораст во времето на тачеризмот и реганомиката.
Идеологијата која фаворизира интереси на привилегираната елита од „еден отсто“ супербогати и нивните мињони, триумфираше без отпор.
Ноам Чомски тврди дека постмодернистите придонесоа за самоисклучувањето на интелектуалците не само од важните политички борби туку од реалноста. Во бунтовните млади мозоци се всели нихилизмот, верувањето дека ништо нема вредност и сфаќањето дека се е толку релативно што веќе не е ниту важно.
Питер Ленон, колумнистот на Гардијан напиша дека „со користењето на логиката на Дерида може да се деконструира „Мајн кампф“ и да се открие дека (Адолф Хитлер) бил во судир со антисемитизмот“.
За Дерида и, наводно прогрешното, разбирање на неговиот опус се врзуваат и две главни опсесии на денешните активисти – политичка коректност и „политиките на идентитетот“, која се фокусираше на положбата на малцинствата претставен како злобен, доминантен и недостоен за почит. Виктимизацијата и демонизацијата станаа толку главни детерминанти на активизмот.
И ангажираните студенти денес воглавно говорат со јазикот на идентитетот, а не со јазикот на промените. Станаа опседнати со препознавање и признавање на различностите, што создаде нов антагонизам и доведе до размножување на војни на кои се водат политички битки.
Истакнувањето на „другоста“ и листата на неправди ја замени потрагата по сличности и врски помеѓу групите и поединците.
Деконструкцијата и политиката на идентитетот стигнаа и на универзитетите во Србија и ги маѓепсаа многуте брилијантни млади умови. И овде оние кои сакаа да бидат ангажирани избраа предвидливи цели.
Ги движат на пример, фактите дека животот на мајката од Сребреница е исполнет со неизмерна болка, дека не е лесно да се биде геј Ром во Земун или лезбејка во Врачар.
За жал и нашите академци станаа воглавно рамнодушни кон маките на политички некоректните, но исклучително бројните жртви на пазарот на фундаметализмот. Парадата на гордоста стана поважна од постојано растечкиот број на луѓе кои копаат по контејнерите.
На протестите во 1968. година белградските студенти извикуваа „Работници-студенти!“ и „Ние сме синови на работничкиот народ“. За жал, денес во истите клупи главен збор имаат бунтовниците кои се борат да докажат дека немаат ништо со работниот народ.
На нив им е незамисливо да бидат на исти барикади со понижените луѓе кои можеби се хомофобични, веројатно го слушаат Аца лукас, се смеат со расистички вицови за Ромите и сигурно не ги разбираат Дерида и Бодријар.
Проблемот не е само кај овие млади, политички коректните елитисти кои веруваат дека невработениот молер од Батајница и отпуштениот столар од Сврљига заслужиле да живеат во беда. Големиот дел од левичарскиот активизам се сведе на невладини организации кои делуваат како полиција на ставови и мисли – постмодерна, убаво обучена, ама еднакво неуморна инкарнација на Илија Чворовиќ.
Кога утре би дигнале револуција „левичарите“ прво би проверувале дали се состои од „вистинските“ идентитетски групи. Ако составот не е задоволувачки, ќе ја откажат револуцијата. Не би им било важно тоа што би била корисна за сите, што би го направила животот поподнослив за сите оние кои се маргинализирани“, пишува професорот Мајкл Ректенвалд од Њујоршкиот универзитет.
Младите бунтовници се принудени да бираат помеѓу две крајности. На едната се идентитските битки кои се завршуваат со мали победи или повлекување во елитистички зандани задоени со самосожалување и презир кон „непросветлената маса“.
Другите отелотворуваат екстремно десничарски, главно фундаменталистички движења – единствените кои се обидуваат да го „променат светот”.
Вака огромната сиромаштија на движечки визии е во болна несоодветност со очекувањата на младите луѓе на кои им е украдена иднината. За жал, тоа ги одредува можните успеси на секој, па и на студентскиот бунт.
Ретките протести, кои минуваат со мешавина од резигнација од бес, остануваат начин да се испразнат насобраните фрустрации и доаѓа до мало конзумерско задоволство – прилика од разбиениот излог да се изнесат нови патики, паметни телефони или неколку фирмирани парталчиња.
Пониженото и оцрнето, молчаливо мнозинство веќе разбра дека за големите цели денеска не вреди да се бориш.
Автор: Зоран Ћирјаковић
Извор: Политика