Фејбсук и Инстаграм наскоро ќе овозможат објави на 200 помалку зборувани јазици ширум светот, пишува „Еуроњуз“.
Проектот на компанијата Мета во чија сопственост се платформите, наречен „No Language Left Behind“ во труд кој беше објавен на почетокот на месецов, соопшти дека ја унапредиле нивната оригинална технологија.
Проектот вклучува десетина европски јазици со помала група говорители како шкотскиот галски, галициски, ирски, ирски, лингурски и велшки јазик. Според Мета, се работи за јазици кои имаат помалку од еден милион реченици во податоци што може да се користат.
Но, експертите предупредуваат дека за да ја подобри услугата, компанијата треба да консултира луѓе на кои јазикот им е мајчин или лингвисти, бидејќи алатката треба да се доразвие.
Целиот проект функционира на начин што Мета ја надградува својата вештачка интелигенција (ВИ) со податоци од базата Опус, платофрма со отворен код, со колекција на автентичен текст на говор или во пишана форма на различни јазици, што може да програмира машинско учење.
Соработници на базата податоци се експерти за обработка на природни јазици, односно подгрупа на истражување за вештачка интелигенција што на компјутерите им овозможува да преведуваат и да разбираат човечки јазик.
Од компанијта рекоа дека исто така користат комбинација од минирани податоци од извори како што е Википедија. Податоците се користат за она што Мета го нарекува повеќејазичен модел, каде ВИ може да преведува „помеѓу било кој пар јазици, без да се потпира на англиски податоци“, според она што го пишува на нивниот веб-сајт.