Компанијата „OpenAI“ го претстави новиот пребарувач „SearchGPT“

Компанијата „OpenAI“ тестира нов пребарувач кој користи генеративна вештачка интелигенција за да произведе резултати, со што се зголемува можноста за значителен предизвик за доминацијата на Гугл на пазарот на онлајн пребарување, јавува Гардијан.

„SearchGPT“ ќе биде достапен на мала група корисници пред потенцијалното пошироко пуштање за јавноста, најави компанијата вчера. „OpenAI“ на крајот има намера да ги вклучи функциите за пребарување во „ChatGPT“, наместо да понуди самостоен производ.

Компанијата посочи дека „SearchGPT“ е привремен прототип што ќе ги комбинира моделите со вештачка интелигенција на компанијата, како што е „ChatGPT“, со можност за пребарување на интернет. Овој прототип е најавено дека ќе одговара разговорно на пребарувањата, истовремено обезбедувајќи ажурирани информации со „јасни врски до релевантни извори“.

Ваквата функција за пребарување го позиционира „OpenAI“ како директен конкурент на големите пребарувачи, особено на Гугл, но исто така и на Бинг, производ на најголемиот инвеститор на компанијата, Мајкрософт.