Откако пропадна обидот за продажба, Одборот на директори на компанијата „Вајнстин“ соопшти дека њујоршкото филмско и телевизиско студио ќе започне процес на банкрот. Ваквиот епилог доаѓа откако над 70 жени го обвинија продуцентот и поранешниот претседател на компанијата Харви Вајнстин за сексуално вознемирување, што беше повод за почеток на големата „#MeToo“ кампања.
#Me Too – жените го покажуваат размерот на сексуалното злоставување на социјалните медиуми
Поради сомнеж дека нејзиното студио не ги заштитило вработените од продуцентот, државата Њујорк ја тужеше компанијата кон средината на февруари. Поднесени се тужби против компанијата, како и против Харви и Роберт Вајнстин.
Вајнстин, соосновач на студиото Мирамакс, беше еден од највлијателните холивудски продуценти пред повеќе од 70 жени да го обвинат за сексуално вознимурање и силување. Тој ги демантираше овие тврдења.