На 1 јуни (сабота) со почеток во 18 часот на улица „Коце Металец 1“ во населба Железара ќе се одржи „КомшиLOOK“, настан посветен за поттикнување емпатија, разбирање и социјална кохезија преку моќта на уметноста и културата, како и за негување на глобалната заедница во која секој добар сосед е и одговорен граѓанин.
Според организаторите, на оваа дружба посетителите ќе може да уживаат во музика, театар, перформанси и изложби.
„Нашите неверојатни соседи се подготвуваат за да ги претворат балконите, скалите, влезовите и гаражите во живописни сцени за креативност и поврзување. Сите посетитли ќе имаат можност да уживаат во извонредни уметнички инсталации, терактивни работилници и во вкусовите на кулинарските задоволства во нашето соседство. Затоа, дојдете и бидете дел од нешто навистина посебно! Ајде заедно да ги претвориме запуштените простори во активни културни центри“, велат организаторите.
Како што информираат оттаму, на настанот ќе учествуваат камерниот оркестар Fames Project – Orchestral Music Recording, групата Алембик со свој музички перформанс, студентите од програмата за модерни танци на Универзитетот Гоце Делчев ќсо танцов перформанс. Посетителите ќе можат да уживаат и во изложбата на Христина Зафировска како и во просторната инсталација на Борис Петровски.
Влезот на настанот е слободен.
Повеќе информации може да најдете тука.