Концептот за родова еднаквост треба да стане мејнстрим во политиката

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • „Кога бевме помали, кога си игравме на улица, на клупи, во маало… сите бевме исти и еднакви. Машки и женски, едни до други. Проблемите настануваат кога ќе пораснеме, кога ќе почнеме да одиме на школо, факултет, кога ќе влеземе на пазарот на трудот. Тогаш општеството почнува да не’ дели на ‘ова можеш, ова не можеш’, на ‘машки и женски позиции’, на ‘директори и секретарки’. Од тоа произлегуваат фрустрации кои не’ обликуваат во несреќни луѓе“.

    21-годишната Весна е студентка која активно работи на својот труд на тема „родова еднаквост во секојдневниот живот“. Вели, не сака премногу да се експонира во јавност, туку, нејзината улога е да ги анализира состојбите во Македонија „од позадина“.

    Според неа, темата родова еднаквост во земјава станува мејнстрим, затоа што има потреба да биде мејнстрим.

    „Треба сите да разберат дека ние не сме само ‘женишта што се бунат’, туку нашата улога е да го смениме оној мајндсет дека ‘тука така било и така ќе остане’. Ако тргнеме од тоа дека наши другарки и во 2024 година се исмевани на факултет само затоа што се жени, или се бркани од работа само затоа што се жени, тогаш веќе имаме почетна позиција да бараме повеќе. А, не треба да сме доведени во ситуација да бараме. За жал, тоа доаѓа од донесувачите на одлуки, од политиката. Таму треба работа, волја, разбирање и лобирање. Оваа тема треба да стане мејнстрим и во политиката“, потенцира младата Весна.

    Она што студентката го говори, пред неколку денови го сумираше Платформата за родова еднаквост. Од една страна, Платформата го поздрави фактот што Гордана Силјановска-Давкова стана првата претседателка од осамостојувањето на Македонија. Од друга страна, пак, тоа се покажа како пирова победа, бидејќи составот на актуелната влада забележува загрижувачки пад на политичкото учество на жените, што сигнализира регрес во полето на родова еднаквост во политиката.

    „Вознемирувачки е што исклучувањето на жените од извршната власт е силно евидентно во новоформираната влада. Претходната влада имаше скромна 25% застапеност на жени во министерски улоги (5 од 16 министерства). Сепак, оваа бројка сега е намалена за половина, при што само 3 жени земаат министерски позиции од вкупно 24 (или само 13%). Овој регрес е особено алармантен со оглед на иницијативата на Комисијата за еднакви можности при Собранието од 2023 година, која имаше за цел да воведе промени во изборниот законик кои подразбираа промена на постоечките квоти за репрезентативни позиции (пристап 50-50, односно 50% учество на жените во советите на локалните самоуправи и во собранието), како и вклучување квоти за позициите со извршна и одлучувачка моќ (30% за градоначалнички и 40% за министерски позиции)“, реагираат од Платформата.

    Радио МОФ веќе анализираше дека во новиот состав на законодавниот дом ќе седнат 40 пратенички, што е една третина од Собранието. За споредба, минатиот состав броеше 47 пратенички, а во периодот од 2016 до 2020 – 48. Ова значи дека бројот на пратенички во текот на изминатива години, односно во парламентарните состави континуирано продолжува да паѓа.

    Наодите од ланското истражување „Жени во политиката 2“ покажуваат дека една од главните причини за недоволното учество на жените во политиката, е токму недостатокот на политичка волја и несоодветната поддршка од политичките партии за вклученост на жените во процесите кои подразбираат моќ на индивидуално одлучување.

    „Овие пречки потекнуваат од вкоренетите родови стереотипи и одбивањето правично да се распредели моќта за одлучување. Таквиот отпор е штетен, не само за жените, туку и за општеството како целина“, посочуваат од Платформата за родова еднаквост.

    Кон ова се надоврзува Бојан Кордалов, комуниколог и аналитичар. Според него, се додека одбиваме како општество, особено главните чинители – политичките партии, да прифаќаат дека никој не поседува ништо, туку се’ еднакво припаѓа на секоја личност, нема да имаме вистински подобрувања во ниту една сфера, вклучително и во делот на родовата еднаквост и во правата на сите луѓе во земјава.

    „Се додека се размислува дека правата на луѓето некој ги дава и зема, а не дека тие природно се тука, дека секој граѓанин со раѓање ги стекнува, повторно нема да говориме за некакви систематски решенија. Нема да имаме функционална држава. Ние сме несреќни, затоа што сме неинклузивно општество. Или, позитивно кажано, мора да прифатиме дека ресурсите припаѓаат на сите, работните места на сите и дека со родово неизбалансираните позиции не добива никој. Напротив, сите губат. Со родово неизбалансираните позиции и места добиваме помалку квалитет, бидејќи 50% од популацијата, од граѓанките – ги исклучуваме. Без еднаков третман, имаме и многу послаба конкуренција и многу е веројатно дека на одредени позиции, одредени места имаме послаби кандидати отколку што би имале со реален баланс“, нагласува Кордалов.

    Додека овде зборуваме за „права“, вели тој, во САД и Европа тие веќе не се тема на разговор, туку загарантирана работа.

    „Значи, ние зборуваме за инклузија за лица со попреченост, говориме за родова еднаквост, недискриминација на лица со различна сексуална определба… Зборуваме за нешта кои не треба да бидат тема. Тоа е последица на политичките чинители кои намерно ја користат таа ситуација, играат на чувствата на луѓето, дополнително го подгреваат ирационалниот страв дека ако некој оствари свое право – друг ќе изгуби. Што е невозможно, бидејќи каде ни се селат младите, каде ни се селат луѓето? Во овие земја каде се гарантирани правата“, потенцира Кордалов.

    Политичарките и медиумската пристрасност

    Медиумите треба да играат важна улога во родовата еднаквост, меѓутоа, токму за изминативе избори тие паднаа на тестот. Истражување на Институтот за комуникациски студии (ИКС) наречено „Политичарките и медиумската пристрасност“ покажува дека самото присуство на политичарките во медиумите е доволна основа за нивно стереотипизирање и дискриминација поврзана со традиционалните родови улоги и изгледот на жените, особено преку употреба на сензационалистички јазик.

    „Тоа придонесува за нивно понатамошно објективизирање и дефокус од клучните политички прашања, ги зајакнува ставовите за традиционалните одговорности и задачи на мажите и жените и ги одржува предрасудите за улогата на жената во јавната сфера. Во новинарските наслови и извештаи ретко се користат феминативи, односно не се користат професии и титули во женски род, дури и кога се однесуваат на женски лица“, велат Бојана Јовановска и Сара Миленковска, авторките на истражувањето.

    Тие ги истражувале коментарите на социјалните медиуми, кои, посочуваат истражувачките, содржат сексизми, ејџизми и мизогин пристап кон политичарките, особено кандидатките за претседателки.

    „Сензационалистичкото известување што е присутно во новинарските извештаи креираше плодна почва за негативните коментари и навреди, кои пак влијаат за зацврстување на родовите стереотипи и обесхрабрување на жените да се вклучат во политичките процеси“, посочуваат истражувачките.

    Извор: Анализа „Политичарките и медиумската пристрасност“ на ИКС

    Оттука, како препорака е до медиумите да креираат и објавуваат новинарски содржини за родовите прашања, особено во периоди кога тие се во сенка на други политички теми.

    „Медиумите треба да создаваат содржини со кои ќе се спротивставуваат на родовите стереотипи и говор на омраза и ќе ја зголемуваат медиумската писменост, за јавноста да ги препознава техниките за креирање и ширење на родови дезинформации. Во оваа насока, треба да воспостават и внатрешни политики и вработени одговорни за регулирање на коментарите со штетни содржини“, посочуваат истражувачките.

    „Потребно е да се менуваат и Кодексите за информирање“

    Според медиумскиот експерт Марина Тунева, мора да има сензибилитет во самите медиуми. Почнувајќи од уредувачката политика и оспособување и градење на капацитетите на новинарите, за да ги препознаваат овие прашања и да може професионално да информираат.

    „Тоа значи, прво треба да се работи на покренување на свеста кај оние што се на раководни позиции во медиумите, а и на самите новинари. Треба да се работи на препознавање на родовите теми. Тоа не е само некоја видлива форма, односно тема поврзана со родово-базирано насилство, или евидентни стереотипи, предрасуди или дискриминации, туку воопшто рамнотежа во информирањето за родот“, потенцира Тунева.

    Во однос на уредувачките политики, вели таа, тоа меѓу другото подразбира и да се донесат соодветни документи или да се прошируваат постоечките, од типот на Кодекси за информирање.

    „Односно, нешто што е од саморегулирачки карактер и механизам во медиумите. Па, врз основа на тоа да се препознаваат овие прашања и да се информира со професионалност и етичност во пристапот. Извесни обиди се направени со носењето за ‘Насоките за етичко известување во онлајн медиумите’, но, секако, потребни се дополнителни документи, протоколи, декларации…“, нагласува Тунева.

    Друго, дополнува таа, медиумите мора да имаат многу проактивна улога за овие прашања.

    „Не само да се зборува инцидентно за овие теми, повремено кога треба да се ‘пополни’ простор во редовната практика. Да не биде тоа само во рамки на една емисија, едно шоу или едно интервју, со што застануваат сите заложби кај медиумите. Може да се направи многу повеќе. Тоа, пред се’, поразбира поголема одговорност од уредништвото, односно раководството на самите медиуми“, нагласува Тунева.

    Менување на медиумските практики, ама најпрво менување на практиките кај политичарите

    Во однос на тоа каков ефект имаат кон граѓаните сите родови стереотипи и дискриминации во медиумското известување, аналитичарот и комунолог Бојан Кордалов констатира дека „тоа има ефект на несреќна држава“.

    „Тоа е она што се мери според индексот на среќни и несреќни граѓани во светски рамки. Ефект на некомпетенција и на растечка корупција, бидејќи конкуренцијата се стеснува, голем дел од популацијата не ѝ е дозволено да се вклучи, се обесхрабрува, или не ѝ се дава шанса да се вклучи. На крајот на краиштата, државата не ја чувстуваат сите граѓани дека им дава еднаквост. Знаете, кога сите овие работи ќе ги ставите на едниот тас на вагата, не постои ништо на другата страна што може да направи баланс. Значи, едноставно, се случува недоверба, разочараност, конфликти базирани на желба на политичките или другите чинители со цел да не се менуваат работите“, потенцира Кордалов.

    Така што, нагласува тој, единствено може да има промени ако оние што се напред, а тоа се политичките и општествени чинители, да станат вистински елити.

    „Не во тоа дали возат скапи коли, дали имаат послуги и обезбедување, туку вистински елити во размислувањата. Дали за своите граѓани и граѓанки нудат нешто ново. Дали даваат еднакви шанси. Наместо политичарите да играат на чувствата на луѓето, треба да бираат вклученост, инклузивност, шанси за сите, во склоп на градење концепт што се чека со децении. Бидејќи, најдобар начин за луѓето да кажат ‘Сакам да останам во Македонија’, е да чувствуваат дека државата нешто им нуди“, констатира Кордалов.

    ***

    Во 2022 година, индексот на родова еднаквост во Македонија изнесува 64,5 поени од максималните 100, со напредок од 2,5 поени споредено со 2019 година. Со ова темпо на земјата ќе ѝ бидат потребни околу 57 години за да постигне родова еднаквост во сите области.

    Повеќе национални и меѓународни извештаи ги детектираат најголемите проблеми во имплементацијата на политиките што би ја доближиле земјата кон остварување родова еднаквост.

    „Дополнително, во изминативе неколку години тематиките поврзани со родовата еднаквост се под сериозна закана на антиродовите движења, чие делување во основа е оспорување на таканаречената ‘родова идеологија’ и кое како основна алатка ги користи социјалните медиуми, пред сѐ преку креирање и ширење родови дезинформации, со кои најчесто се таргетирани политичарките и активистките. Со цел да се разбере положбата на жените во политиката, мора да се гледа низ интерсекциска перспектива, односно колку структурните нееднаквости, системската дискриминација и засиленото делување на антиродовите движења ги ограничуваат правата и слободите на жените генерално, а со тоа и влезот во политиката“, велат авторките на истражувањето „Политичарките и медиумската пристрасност“.

    Бојан Шашевски

  • Koncepti për barazi gjinore duhet të bëhet mainstream në politikë

    “Kur ishim më të vegjël, kur luanim në rrugë, në ulëse, në lagje… të gjithë ishim të njëjtë dhe të barabartë. Meshkuj dhe femra, njëri pranë tjetrit. Problemet lindin kur rritemi, kur fillojmë të shkojmë në shkollë, fakultet, kur të hyjmë në tregun e punës. atëherë shoqëria fillon të na ndajë në “këtë mundesh, këtë nuk mundesh”, në “pozicione meshkujsh dhe femrash”, në “drejtorë dhe sekretareshë”. Nga kjo lindin frustrimet të cilat na formojnë në njerëz të palumtur”.

    21 vjeçarja Vesna është studente e cila punon në mënyrë aktive në punimin e saj në temë “barazi gjinore në jetën e përditshme”. Thotë nuk do të eksponohet shumë në opionion, por, roli i saj është t’i analizojë situatat në Maqedoni “nga prapavija”.

    Sipas saj, tema e barazisë gjinore në vend po bëhet mainstream sepse ka nevojë të jetë mainstream.

    “Duhet të gjithë të kuptojnë se ne nuk jemi vetëm “gra që revoltohen”, por roli jonë është ta ndryshojmë këtë mindset se “këtu ka qenë kështu dhe kështu do të mbesë”. Nëse nisemi nga fakti se edhe në vitin 2024 shoqet tona po përqeshen  në fakultet vetëm sepse janë gra, apo janë larguar nga puna vetëm sepse vetëm sepse janë gra, atëherë veç më kemi pozicion fillestar të kërkojmë më shumë. Ndërsa nuk duhet të vendosemi në situatë të kërkojmë. Fatkeqësisht, ajo vjen nga vendim marrësit, nga politika. Aty duhet punë, vullnet, mirëkuptim dhe lobim. Kjo temë duhet të bëhet mainstream edhe në politikë”, potencoi Vesna.

    Ajo për të cilën flet studentja, para disa ditëve e përmblodhi Platforma për barazi gjinore. Nga njëra anë, Platforma e përshëndeti faktin që Gordana Siljanovska – Davkova u bë presidentja e parë që nga pavarësia e Maqedonisë. Megjithatë, nga ana tjetër ajo u tregua si fitore e Pirros, sepse përbërja e qeverisë aktuale shënon rënie shqetësuese të pjesëmarrjes politike të grave, që sinjalizon regres të barazisë gjinore në politikë.

    “Është shqetësuese që përjashtimi i grave nga pushteti ekzekutiv është shumë i dukshëm në qeverinë e sapoformuar. Qeveria paraprake ka pasur përfaqësim modest të grave prej 25% në rolet ministrore (5 nga 16 ministri). Megjithatë, ky numër tash është ulur për gjysmë, me çka vetëm 3 gra kanë marrë pozita ministrore prej gjithsej 24  (apo vetëm 13%). Ky regres është posaçërisht alarmant duke pasur parasysh iniciativën e Komisionit për mundësi të barabarta në Kuvend nga viti 2023, i cili kishte për qëllim të sjell ndryshime në kodin zgjedhor që nënkuptim ndryshim të kuotave aktuale për pozicione përfaqësuese (qasja 50-50, përkatësisht 50% pjesëmarrje e grave në këshillat e vetëqeverisjeve lokale dhe në Kuvend), si dhe përfshirje e kuotave për pozitat me fuqi ekzekutive dhe vendim-marrëse (30$ për kryetare të komunave dhe 40% për pozita të ministreshave)”, reagojnë nga Platforma,

    Radio MOF veç më ka analizuar se në përbërjen e re të shtëpisë ligjvënëse do të ulen 40 deputete, që është një e treta e Kuvendit. Për krahasim, përbërja e kaluar kishte 47 deputete, ndërsa bë periudhën nga 2016 deri 2020 – 48. Kjo do të thotë se, numri i deputeteve viteve të fundit, përkatësisht në përbërjet parlamentare vazhdimisht bie.

    Gjetjet e hulumtimit të vitit të kaluar “Gratë në politikë 2” tregojnë se, njëra nga arsyet kryesore për pjesëmarrjen e pamjaftueshme të grave në politikë, është pikërisht mungesa e vullnetit politike dhe mbështetja joadekuate nga partitë politike për kyçjen e grave në proceset të cilat nënkuptojnë fuqi të vendim – marrjes individuale.

    “Këto pengesa rrjedhin nga stereotipat e rrënjosur gjinore dhe refuzimi për ta shpërndarë në mënyrë të barabartë fuqinë vendim-marrëse. Rezistenca e tillë është e dëmshme jo vetëm për gratë, por edhe për shoqërinë si tërësi”, theksojnë nga Platforma për barazi gjinore.

    Për këtë flet edhe Bojan Kordalov, komunikolog dhe analist. Sipas tij, derisa ne si shoqëri, posaçërisht aktorët kryesorë – partitë politike, refuzojnë të pranojnë se askush nuk posedon asgjë, por se gjithçka i takon në mënyrë të barabartë çdo personi, nuk do të kemi përmirësim të vërtetë në asnjë sferë, përfshirë edhe në pjesën e barazisë gjinore dhe në të drejtat e të gjithë njerëzve në vend.

    “Përderisa mendohet se të drejtat e njerëzve i jep dhe i merr dikush dhe jo se ato janë këtu natyrshëm, se çdo qytetar i fiton me lindje, përsëri nuk do të flasim për ndonjë zgjidhje sistematike. Nuk do të kemi shtet funksional. Ne jemi të palumtur, sepse jemi shoqëri joinkluzive. Apo, thënë në mënyrë pozitive, duhet të pranojmë se, resurset i takojnë të gjithëve, vendet e punës i takojnë të gjithëve dhe se me pozitat e pabalancuara gjinore nuk fiton askush. Përkundrazi, të gjithë humbin. Me pozicionet dhe vendet e pabalancuara gjinore kemi më pak cilësi, sepse 50% e popullsisë, të qytetareve – i përjashtojmë. Pa trajtim të barabartë, kemi edhe konkurrencë më të dobët dhe ka shumë gjasë që në pozita të caktuara, kemi kandidatë më të dobët sesa që do të kishim me balancë real”, thekson Kordalov.

    Derisa këtu flasim për të “drejta”, thotë ai, në ShBA dhe Evropë ato tash më nuk janë temë diskutimi, por punë e garantuar.

    “Do të thotë, ne flasim për inkuzion të personave me nevoja të veçanta, flasim për barazi gjinore, jodiskriminim të personave me përcaktim të ndryshëm seksual… Flasim për gjëra të cilat nuk duhet të jenë temë. Kjo është pasojë e aktorëve politik të cilët qëllimisht e shfrytëzojnë atë situatë, luajnë me ndjenjat e njerëzve, e nxisin edhe më shumë frikën irracionale se nëse dikush e realizon të drejtën e vet – tjetri do të humb. Gjë që është e pamundur, sepse ku po ikin të rinjtë, ku po ikin njerëzit? Në këto vende ku janë të garantuara të drejtat”, potencoi Kordalov.

    Politikanet dhe njëanshmëria mediatike

    Mediat duhet të luajnë rol të rëndësishme në barazinë gjinore, megjithatë, pikërisht në zgjedhjet e kaluara ata ranë nga testi. Hulumtimi i Institutit për Studime të Komunikimit të quajtur “Politikanet dhe njëanshmëria mediatike” tregon se vetë prezenca e politikaneve në media është bazë e mjaftueshme për stereotipizimin dhe diskriminimin e tyre në lidhje me rolet gjinore tradicionale dhe dukjen e grave, përmes përdorimit të gjuhës sensacionale.

    “Ajo kontribuon për objektivizimin e mëtejmë të tyre dhe defokus nga çështjet kyçe politike, i përforcon qëndrimet për përgjegjësi tradicionale dhe detyra të burrave dhe grave dhe i mban paragjykimet për rolin e gruas në sferën publike. Në titujt dhe raportet gazetareske rrallë herë përdore feminative, përkatësisht nuk përdoren profesione dhe tituj në gjininë femërore, madje edhe kur ka të bëjë me persona gra”, thotë Bojana Jovanovska dhe Sara Milenkovska, autore të hulumtimit.

    Ato kanë hulumtuar komentet në mediat sociale, të cilat, theksojnë hulumtueset, përmbajnë seksizma, ejgjizëm dhe qasje mizogjene ndaj politikaneve, posaçërisht kandidateve për presidente.

    “Raportimi sensacional që është prezent në raportet gazetareske ka krijuar një terren pjellor për komente negative dhe fyerje, të cilat ndikojnë në përforcimin e stereotipave gjinore dhe dekurajimin e grave që të kyçen në proceset politike”, theksojnë hulumtueset.

    Prandaj, rekomandohet që mediat të krijojnë dhe publikojnë përmbajtje gazetareske për çështjet gjinore, posaçërisht në periudha kur ato janë nën hije të temave të tjera politike.

    “Mediat duhet të krijojnë përmbajtje me të cilat do t’i kundërshtojnë stereotipat gjinorë dhe gjuhën e urrejtjes dhe do ta rrisin edukimin mediatik, që opinioni t’i njoh teknikat për krijimin dhe përhapjen e dezinformatave gjinore. Në këtë drejtim, duhet të vendosin edhe politika të brendshme dhe të punësuar përgjegjës për rregullimin e komenteve me përmbajtje të dëmshme”, theksojnë hulumtuesit.

    “Nevojitet që të ndryshohen edhe Kodekset për informim”

    Sipas ekspertit mediatik Marina Tuneva, duhet të ketë sensibilizim në vet mediat. Duke filluar nga politika redaktuese dhe aftësim dhe ndërtim i kapaciteteve të gazetarëve, që t’i njohin këto çështje dhe të mund të informojnë në mënyrë profesionale.

    “Kjo do të thotë, fillimisht duhet të punohet në ngritjen e vetëdijes tek ata që janë në pozita udhëheqëse në media, por edhe te vet gazetarët. Duhet të punohet në njohjen e temave gjinore. Kjo nuk është vetëm ndonjë formë e dukshme, përkatësisht temë e lidhur me dhunën me bazë gjinore, apo stereotipat e dukshëm, paragjykime apo diskriminime, por në përgjithësi baraspeshë në informimin për gjininë”, potencoi Tuneva.

    Në lidhje me politikat redaktuese, thotë ajo, ajo mes tjerash nënkupton edhe që të miratohen dokumente adekuate apo të zgjerohen ato aktuale, të llojit të Kodekseve për informim.

    “Përkatësisht, diçka që është me karakter dhe mekanizëm vetërregullues në media. Në këtë mënyrë, në bazë të kësaj të njihen këto çështje dhe të informohet me profesionalizëm dhe etikë në qasjes. Janë bërë përpjekje të caktuara me miratimin e “Udhëzime për raportimin etik në mediat online”, por megjithatë, nevojiten dokumente shtesë, protokolle, deklarata…”, thekson Tuneva.

    Më tej, thekson ajo, mediat duhet të kenë rol më proaktiv për këto çështje.

    “Jo vetëm të folët rastësisht për këto tema, përkohësisht kur duhet të “mbushet” hapësira në praktikën e rregullt. Të mos jetë ajo vetëm në kuadër të një emisioni, një show apo një intervistë, me çka ndalohen të gjitha angazhimet te mediat. Duhet të bëhet shumë më shumë. Kjo para së gjithash, nënkuptom përgjegjësi më e madhe nga redaktimi, përkatësisht udhëheqësia e vet mediave”, thekson Tuneva.

    Ndryshim i praktikave mediatike, por fillimisht ndryshim i praktikave te politikanet

    Në lidhje me atë se çfarë efekti kanë ndaj qytetarëve të gjithë stereotipat gjinorë dhe diskriminimet në raportimin mediatik, analisti dhe komunikologu Bojan Kordalov konstaton se, “ajo ka efekt të një shteti të palumtur”.

    “Kjo është ajo që matet sipas indeksit të qytetarëve të lumtur dhe të palumtur në korniza botërore. Efekt i paaftësisë dhe rritjes së korrupsionit, ndërsa konkurrenca ngushtohet, pjesë të mëdha të popullsisë nuk lejohen të përfshihen, dekurajohen ose nuk u jepet mundësia të përfshihen. Në fund të fundit, jo të gjithë qytetarët ndjejnë se shteti u jep barazi. E dini, kur të gjithë këto çështje i vendosni në njërën anë të peshore, nuk ekziston asgjë në anën tjetër që mund të bëjë balanc. Do të thotë, thjeshtë ka mosbesim, zhgënjim, konflikte të bazuara në dëshira të politikanëve apo aktorëve të tjerë me qëllim që të mos ndryshojnë gjërat”, potencon Kordalov.

    Pra, thekson ai, mund të ketë ndryshime vetëm nëse ata që janë përballë, përkatësisht aktorët politik dhe shoqëror, bëhen elita reale.

    “Jo në kuptim se, a vozisin vetura të shtrenjta, a kanë shërbëtorë dhe sigurim, por elita të vërteta në të menduarit. A ofrojnë diçka të re për qytetarët dhe qytetaret e tyre. A japin mundësi të barabarta. Në vend që politikanët të luajnë me ndjenjat e njerëzve, duhet të zgjedhin përfshirjen, inkluzivitet, mundësi për të gjithë, në kuadër të ndërtimit të një koncepti që pritet me dekada. Sepse, mënyra më e mirë që njerëzit të thonë “Dua të qëndroj në Maqedoni”, është të ndjejnë se shteti u ofron diçka”, konstatoi Kordalov.

    ***

    Në vitin 2022, indeksi i barazisë gjinore në Maqedoni ka qenë 64,5 pikë nga 100 maksimale, me një progres prej 2,5 pikëve në krahasim me vitin 2019. Me këtë dinamikë, vendit do t’i duhen rreth 57 vite që të arrihet barazia gjinore në të gjitha fushat.

    Disa raporte nacionale dhe ndërkombëtare i detektojnë edhe problemet më të mëdha në implementimin e politikave që do ta afronte vendin drejt realizimit të barazisë gjinore.

    “Përveç kësaj, në vitet e fundit, tematikat në lidhje me barazinë gjinore janë nën kërcënim serioz të lëvizjeve anti-gjinore, veprimtaria e të cilave në thelb është kontestimi i të ashtuquajturës “ideologji gjinore” dhe që përdor mediat sociale si një mjet bazë, kryesisht përmes krijimi dhe përhapja e dezinformatave gjinore me të cilat më së shumti targetohen politikanet dhe aktivistet. Me qëllim që të kuptohet pozita e grave në politikë, duhet të shihet përmes perspektivës ndër-sektoriale, përkatësisht sa pabarazitë strukturore, diskriminimi sistematik dhe veprimtaria e përforcuar e lëvizjeve anti-ligjore i kufizojnë të drejtat dhe liritë e grave në përgjithësi, ndërsa me atë edhe hyrjen në politikë”, thotë autoret e hulumtimit “Politikanet dhe njëanshmëria mediatike”.

    Bojan Shashevski