Во Кичево на Китино Кале на 10 август (сабота) од 22 часот ќе се одржи концерт на триото „Александар Велики“ за промоција на „Првиот Македонец во вселената“.
„’Првиот Македонец во вселената’ е целосен ‘game – changer’ во животот на Александар Гавровски кој ладнокрвно го превзема името ‘Велики’ и ја собира најопасната скопска андерграунд екипа за изработката на својот прв албум“, стои во најавата за настанот.
Ова лето „Александар Велики“ го сочинува компактното трио Теа Шалдева – Galatheia на синтисајзер и вокал, Љубомир Ангелов – Lepi Xhoni на гитара, ефекти и вокали и Александар Гавровски на бас гитара и вокали.