Свој концерт вечер, на 14 август во Ла Кања ќе одржи албанско-македонскиот состав „Blla, blla, blla“, формиран во 1988 година.
Со почеток во 21 часот, посетителите ќе имаат можност да слушнат мешавина од рок ритми, со виолина како главен инструмент и експресивни, силни вокали.
„Во време на политички пресврти, конфликти и напори за создавање нови граници, членовите на Blla Blla Blla ја формираа својата креативна основа на темелите на уметничкиот активизам и отпорот кон нездравата животна средина“, велат од „Blla, blla, blla“.
„Blla Blla Blla“ се: Идриз Амети – вокал, Кренар Исмаили – виолина, вокал, Влатко Јаневски – бас, и Димитар Петров – тапани.
Бендот досега има издадено пет албуми и тоа – Underground Macedonia split with No Name Nation (2000), албум што опфаќа песни снимени во 1990 година, потоа Oversky Ballkanishe Re-form (2005), Lamtumirë (2011) и Brum për medioferr (2017).
Влезот на настанот ќе се одвива по принцип на донации.