Kонцерт на Дуке Бојаџиев за Денот на Европа во Градски парк

Делегацијата на ЕУ и Europe House Скопје, во соработка со меѓународно признатиот македонски филмски композитор, музички продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев го одбележуваат 9 мај – Денот на Европа.

Концертот ќе се одржи на 8-ми мај, со почеток во 20 часот.

„На специјалната вечер во градскиот парк во Скопје, Дуке и неговите еминентни гости, двајца раскажувачи и 20-члениот оркестар на Македонската филхармонија ќе ги изведат најновите дела од неговиот опус, дополнети со нови музички композиции инспирирани од професионалниот и приватен престој на Дуке во Франција и Шпанија во изминатиов период. Перформансот e спој на неговата оркестарска и филмска музика, фузија на традиционални вибрации од балканскoтo и медитеранскoто музичко поднебје, поддржани со нарација на вечната љубовна поезија на Руми на македонски и албански јазик. Уникатно искуство за Денот на Европа, проследено со мултикултурна музичка прослава на љубовта, мирот и единството“, најавуваат организаторите.

Музичари:

Дуке Бојаџиев – пијано/клавијатури/вокал

Специјални гости:

Бахрамџи – сантур/вокал

Медуса Одисеј – два диџеи/гитара/перкусии

Миријам и Иса – вокал

Наташа Петровиќ – наратор

Амернис Нокшиќи – наратор и

20-члениот оркестар на Македонската филхармонија, под диригентство на Ана Спасовска.

Влезот ќе биде слободен за сите посетители.

Концертот е дел од серијaлот настани во организација на Europe House со кои се одбележува 9 мај – Денот на Европа. Изложби, музички изведби како и регионална конференција за млади се дел од прославата. Повеќе детали за истите може да дознаете преку следниот ЛИНК.