Во понеделник (25 септември) со почеток во 20 часот во Филхармонија во рамките на втората сезона на манифестацијата „Денови на македонска музика“ концерт ќе одржи дувачкиот квинтет Phil-Harmonic.
Квинтетот е составен од: Елена Дојчинова – флејта, Владимир Лазаревски – обоа, Здравко Ангелов – кларинет, Горан Јанев – хорна и Ванчо Стојановски – фагот.
На програмата се делата: „ЧЕТИРИ ЕПИЗОДИ“ од Драгослав Ортаков, „ЦРНО СОНЦЕ“ (според стихови на Ацо Шопов) од Валентина Велковска – Трајановска, „М..С..А“ од Стојан Стојков, „ДУВАЧКИ КВИНТЕТ“ на македонски револуционерни песни од Љубормир Браноѓолица и „ХУМОРЕСКА“ од Александар Џамбазов.
Влезот на концертот е слободен.