Концерт на Филип Динев Трио во Битола на Меѓународниот ден на џезот

По повод Меѓународниот ден на џезот, Младинскиот културен центар – Битола организира концерт на Филип Динев Трио на 30 април со почеток во 22 часот во кафе бар „Порта џез“ во Битола.

„Филип Динев е македонски гитарист/композитор со интернационална кариера. Магистрант на ХФМТ Хамбург, автор и продуцент на 2 оригинални изданија – ‘Romann’ (2024) и ‘Szvetlo’ (2020). Париз, Будимпешта, Базел, Талин, Берлин, Хамбург, Лајпциг и Дрезден се само дел од европските градови каде Динев има концeртирано. Композиторскиот печат и виртуозноста со влијание од класична, балканска и традиционална џез музика го прават Динев еден од најавтентичните гитаристи во регионот и Европа. Покрај авторските концерти, свирел и со светски имиња, како Nils Landgren, China Moses и Teemu Viinikainen“, истакнуваат од МКЦ-Битола.

Покрај Динев на гитара/композиции, на контрабас ќе свири Андреа Мирчевска, а Дамјан Грујо на тапани. Влезот за концертот е бесплатен.

„Овој концерт по единаесетти пат ќе ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани“, додаваат органнизаторите.

Настанот се организира во партнерство со „Порта џез“ и со финансиска поддршка од Општина Битола.