Со концерт на групата „Фолтин“ вечерва (31 јули) во Сули ан завршува овогодинешното „Скопско лето“.
„Фолтин“ е една од најпознатите групи од Македонија. Постои од 1997 година. Зад себе има седум самостојни албуми, музика за преку 20 театарски претстави и бројни настапи во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, БиХ, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка.
Музиката на „Фолтин“ обично се опишува како духовита, страсна, со жешка танцувачка атмосфера. Освен на македонски, пеат и на ткн. „спонтан есперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици.
Билетите се во продажба по цена од 300 денари во Југотон Рекордс.