Целовечерен концерт во Денсинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе одржи бендот „Foolish Green“, кој генерално се фокусира на инструментална музика која ги меша влијанијата од рокенролот и психоделичниот поп.
Концетрот ќе се одржи на 4 мај, среда, со почеток во 21 часот, а ќе претставува и промоција на нивниот нов албум „Soul revival“.
„Фулиш Грин се повеќе од десетина години на локалната и европската сцена, а минатата година го издадоа албумот ‘Soul Revival’ кој ќе биде презентиран во живо, но ќе бидат отсвирени и голем дел од песните од претходните изданија“, велат организаторите, кои дополнуваат дека по полноќ, небото ќе почасти една полноцветна месечина.
Тие истакнуваат дека и по повод 10 јубилејни години од од издавањето на првиот албум „Escape“, посетителите ќе имаат можност повторно да се „подружат и поџемаат“ со екипата од „Фанки Фреш“, диџеј Гоце и диџеј Чваре, ЛД Пистолеро, Р.О.Н.И.Н. од „Легијата“ и Рутсмен од „Conquering Lion“.
Билети се пуштени во претпродажба на билетарницата на МКЦ и онлајн, по цена од 400 ден, а организаторите дополнуваат дека картите на влез ќе чинат 500 денари.