На 20 јануари (сабота) во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи концерт на шведските метал бендови „Франтик Амбер“ и „Рикет“ во склоп на нивната балканска турнеја.
Концертот ќе започне во 19 часот, а со нив бина ќе делат и „Поразиум“ од Хрватска и македонските „Саидон“.
„Со сигурност вечер на ‘all out head banging and moshing’ во МКЦ“, се вели во најавата за концертот.
Картите за настанот се продаваат на билетарата на МКЦ, како и онлајн на овој ЛИНК.