Психоделичниот рок-бенд од Грција „Naxatras“ ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје на 29 октомври.
„Свират психоделија полна со мрсен грув, тешки рифови и топли солоа на гитара, сето тоа со винтиџ допир на 70-тите. Тие го свират и развиваат својот звук од 2012 година“, се посочува во најавата за концертот.
Организаторите истакнуваат дека „Naxatras“ создале репутација на фантастичен бенд во живо, комбинирајќи елементи на психоделичен/прогресивен рок, стонер, фанк, џез, електронска и источна музика проследена со психоделични видеа.
„’Naxatras’ наредија бројни турнеи и настапија во повеќето европски земји, вклучувајќи ги истакнатите фестивали како ‘Desertfest’, ‘Ozora’ и ‘Dunajam’, како и турнеја во Австралија. За прв пат во и МКЦ Скопје!“, додаваат организаторите.
Концертот ќе започне во 20 часот, а од МКЦ најавија „бурна концертна есен“.
Билетите за концертот се достапни на билетарницата на центарот, како и онлајн на bileti.mkc.mk.