Во петок, пред платото на ,,Дом на АРМ“, во рамките на Скопско лет 2016 ќе се оддржи концерт на класична музика наменет за децата со наслов „Гудачки квартет во наше маало” .
На концертот ќе бидат изведени дела од Ј.С. Бах, Л.Бокерини, , Ж. Бизе, П.И Чајковски и Офенбах, а посетителите ќе можат да уживаат и во изведбата на традиционалите македонски песни.
„Со овој концерт ќе им овозможиме на децата да проследат концерт со класична музика на отворен простор и во рамки на манифестација со долгогодишно реноме. Се надевам дека ова ќе биде поттик и за сите други манифестации и фестивали да вклучат концерти за деца во своите програми“, вели Трајковска.
Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко –виолина, Љубица Бошковска – виола и Маја Михајловска на виолончело.
Концертите насловени како „Гудачки квартет во наше маало“ досега беа реализирани во неколку општини во главниот град и тоа во основните училишта „Лазо Ангеловски“, ,,Владо Тасевски“ во училиштето за слепи деца ,,Димитар Влахов,, и во “,,Живко Брајковски“ каде се реализираа два концерти – на македонски и албански јазик. Од почетокот на годината Пламенка Трајковска – мали камерни состави реализираа концерти за децата во Кичево и Штип.
Целта на концертите е запознавање и доближување на класичната музика до децата и за учениците од училиштата кои ретко или никогаш не посетиле концерт од класична музика. Посебно внимение е посветено на најмладата публика кај која се побудува интересот за музичките инструменти, виолина, виола и виолончело.