Концерт на „Културно уметнички работници“ и пријателите утре во МКЦ

Скопската музичка група „Културно уметнички работници“ утре (7 октомври) во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе одржи концерт, а покрај нив, како гости ќе настапат групите „Катран“ и „Сватовски“.

На концертот ќе биде презентиран материјалот од најновиот, седми по ред албум на „Културно уметнички работници“, насловен „Панк кабаре“, кој е во план да се објави до крајот на годината.

Вратите за концертот се отвораат во 20 часот, а од 20:30 до 21 часот ќе настапат „Сватовски“, па потоа од 21:10 до 21:50 часот следуваат „Катран“. Настапот на „Културно уметнички работници“ започнува во 22 часот.

Влезниците чинат 200 денари и можат да се купат на билетарата на МКЦ или онлајн на следниов ЛИНК. Инаку, влезниците на врата пред концертот чинат 300 денари.