Со почеток во 19 часот и 19 минути утре во Салон 19:19 ќе се одржи концерт на квартетот „Инструментал“.
Квартетот е формиран во 2013 година во Тетово и е составен од младите дипломирани музичари Вулнет Незири, Арбер Таири, Ардита Османи и Греса Мемети.
Од Културно информативниот центар (КИЦ) Скопје кои го организираат настанот, велат дека како квартет учествувале на многу културни настани, концерти, манифестации и приватни настани.
Дополнително, оттаму соопштија дека на концертот ќе се изведат дела од албански композитори и песни на Ваче Зела, оркестрирани во духот на класичната музика за овој вид на квартет и гитара.