Концерт на „Ли Раналдо трио“ на „Здраво млади 2016“

Ли Раналдо е култен американски гитарист и кантавтор, кој популарноста ја стекнува како гитарист и еден од основачите на бендот „Соник јут“, а по распадот на групата работи на нeколку самостојни проекти. Еден од нив е и „Ли Раналдо трио“, со кое за првпат ќе дојде во Македонија, токму на шестото издание на фестивалот „Здраво млади“ кое ќе се одржи на 4 јуни во Младинскиот културен центар.

Во текот на 30-годиншната кариера во, по многумина, најзначајниот алтер-рок бенд на сите времиња „Соник Јут“, Ли Раналдо и Турстон Мор го редефинираа звукот на рок музиката, а особено на звукот на гитарата, користејќи неортодоксни пристапи на штимањето на гитарите како и во самото свирење.

Музичкиот магазин „Спин“ во 2012 година им го доделува првото место во својот избор на најголемите гитаристи на сите времиња. По распаѓањето на „Соник јут“, Ли Раналдо не мирува, туку во соработка со Нелс Клајн од „Вилко“, стив Шелеј од „Соник Јут“, Алан Лихт, Џон Медески и Џим О Рурк го снима најпрво „Between Times and the Tides“ (2012), а потоа, во малку изменета постава и албумот „Last Night on Earth” (2013), и двата албума во изданије на угледниот „Матадор рекордс“.

Секој крај значи нов почеток, покрај очекуваната меланхолично-експериментална страна, каква што искажуваше и во „Соник Јут“ со песните „Mote“ или „Karen Revisited”, но и со силното влијаније на акустичниот инстурументариум, Ли Раналдо во двата нови соло албуми покажува и неочекувана љубов кон класичната рок форма, која силно може да се забележи во песната “Off the Wall”.

Покрај Ли Раналдо на „Здраво Млади“ ќе настапат и „Фолакзоид“, „Лима“, „Мун дуо“ и американското дуо „Вуден виздам“, составено од диџејот Тиркиз Виздам (Зак Коуви) и познатиот актер и сопственик на издавачка куќа, Илајџа Вуд, најпознат по улогата на Фродо во „ Господарот на прстените“.