Концерт на музичари од оркестарот на Филхармонија

Овој четврток, во 20 часот ќе се одржи четвртиот концерт од серијата камерни настапи „Филхармонија за филхармонија“ на кој ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија во различни формации.

На програмата се дела од Калвет, Брамс, Брух, Бах, Шостакович и Пјацола.

Во рамки на концертот ќе настапат Брас квинтет (Стефан Илиев – труба , Јордан Колевски – труба, Благоја Василевски – хорна, Бранко Илиевски – тромбон, Александар Ниниќ – туба).

Покрај ова, ќе настапи и Пијано трио (Мартин Димитров – виолина, Маја Михајловска – виолончело, Иван Трајковски – пијано), Трио (Здравко Ангелов – кларинет, Илза Бафтијари – виола, Шкељзен Бафтијари – пијано)„Трио Принчипеле“ (Ана Кондратенко – виолина, Марко Виденовиќ – виола, Паскал Краповски – виолончело), како и Пијано дуо (Маријана Николовска – пијано, Шкељзен Бафтијари – пијано) и Квинтет (Марија Трајковска – виолина, Александар Поп-Христов – гитара, Филип Петрески – хармоника, Маријана Николовска – пијано,Александра Чуруковска – контрабас).