На сцената на Долни Сарај во Охрид на 11 август ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар под диригентската палка на Џијан Емин.
Гостин на концертот ќе биде истакнатиот српски пијанист со македонско потекло, композитор, познат по својот иновативен пристап кон џез фјужн и светската музика – Васил Хаџиманов. Концертот ќе започне во 22 часот.
На концертот во Долни Сарај, како што е најавено ќе бидат изведени дел од најпознатите композиции на Хаџиманов, адаптирани за изведба со биг-бенд, како и композиции од неодамна промовираниот албум “Keyf.”
Аранжманите на композициите се на Владимир Николов, Тони Китановски и самиот Хаџиманов.