Со музички настапи на пијано триото составено од Марија Вршкова, Петар Макариевски и Весна Ангелова, следната среда, на 5 октомври, во Културно информативниот центар (КИЦ), Скопје, ќе се одржи концертот „30 прсти“.
Во „Салон 19-19“, со почеток од 20 часот, присутните ќе имаат можност да ги проследат делата „Fantasies op.741“, „ Ames d’enfants“, „Pures“, „Naives“, „Mysterieuses“, „Grande Fantasies – Norma,op.689 no.2“ и „Fantasia La Traviata“.