Во „Јавна соба“ на 21 март (четврток) ќе се случи концер на „Сервус“, најновиот музички проект на Јордан Костов.
Освен Костов на хармоника и вокал, во „Сервус“ се вклучени и Ива Дамјановски – клавијатури / теремин/ вокал, Ник Де Карло – туба и алтфлигерхорн, Кети Танчева – теремин и Драган Теодосиев – тапани.
Билетите се по цена од 400 денари и може да се набават ТУКА.
„Се гледаме на нашето поткровје, во 9 часот“, велат од „Јавна соба“.