Во среда, 12 јуни, од 21:00 часот во Котур е најавен концерт на скопското трио Палиндром.
Палиндром формиран во јуни 2013 година. Невообичаениот состав на две бас гитари и тапани дозволува голем простор за експериментирање околу пост-панк/стонер и ноиз жанровите.
Негувателите на звукот го сочинуваат: Ерик Омерагиќ(бас), Филип Поповски(бас) и Кристијан Новковски(тапани).
Концертот во Котур ќе го акцентира шест годишното егзистирање и креирање на бендот со осврт на нивното LP издание „Desert Y“(2017) и дел од новокреираниот материјал кој ќе биде дел од наредното издание.
Влезот е 150 денари.
Во рамки на настанот е најавена и Специјална проекција на краткометражниот филм „АДОЛЕСЦЕНЗУРА“ на Леа Димитрова.