Експерименталниот шугејс состав со многу гитарски ефекти, „Сосед“ ќе одржи свој концерт вечерва, на 19 февруари во клубот „Ла Кања“.
Со почеток во 19 часот, на настанот организиран во соработка со „Млади за Скопје“, ќе настапат Дарко Медарски, член на бендовите Sfer, Man in a Suit, DaDa и Марко Трендафиловски, член на The Planktons и KEM, кои, како што се вели во најавата, ќе донесат психоделија за сечие задоволство.
„Скопје отсекогаш имало извонредни артисти. Дојдете, уверете се сами. Што друго би правеле во недела после ручекот кај баба ви“, велат организаторите.
Влезот за настанот чини 150 денари.
Од „Млади за Скопје“ го објавија и видеоинтервјуто со „Сосед“, во рамки на својата културна мисија да презентираат млади луѓе, свежи алтернативни бендови и уметници, за да се поддржи локалната сцена и продискутира со артистите за нивната работа и за културниот живот.