Во Младинскиот културен центар во Скопје, на 24-ти февруари (вторник) ќе се одржи концерт “In the Key of Life” на кој ќе настапат студентите на Факултетот за музичка уметност, од студиската програма за популарни музички жанрови.
Љубителите на музиката ќе можат да проследат настапи на неколку вокално-инструментални состави сочинети од студентите од прва, втора и трета година.
Како солисти ќе се претстават студентите по гитара, саксофон, бас гитара, соло пеење и удирачки инструменти, oд класите на професорите Кирил Туфекчиевски, Иван Иванов, Александра Поповска, Дамјан Пејчиновски и Влатко Нушев.
Слушателите ќе имаат можност да чујат теми и аранжмани од Stevie Wonder, Amy Whinhouse, Baden Powell, како и неколку теми на Cole Porter, Dana P. Rowe, Henry Kreiger и други од Бродвејски мјузикли. Ќе прозвучат и делата на основоположникот на македонската популарна и џез музика Драган Ѓаконовски-Шпато.
Концертот ќе започне во 20 часот во Фросина салата – МКЦ, а влезот е слободен.