„Тока Shitet“ – новиот музички проект на Идриз Амети, фронтменот на бендот „Бла, бла, бла“ ќе одржи свој концерт во локалот „Ла Кања“ во среда, 12 јули.
Концертот ќе започне во 21 часот, а присутните ќе можат да слушнат една нечуена комбинација меѓу балканската народна музика и инди рок.
„Во неговите раце можете да ја слушнете Шаркијата која звучи како светски оркестар, го поддржува неговиот тажен, емотивен глас за пеење и звучи како ништо што досега (не) сте слушнале“, се вели во најавата.