Вечерва (7 август) со почеток во 20 часот на платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе се одржи концерт на унгарски песни и танци.
На концертот ќе настапат оркестарот „Јухас“ и фолклорната група „Дуна Танода“ од Баја.
Настапот се реализира во соработка со Здружението на Унгарците „Теледом“ и Амбасадата на Унгарија.