Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечерва, 15 септември, од 20 часот ќе се одржи настан на „Terrorvoid Promotions“, каде ќе настапуваат „Belphegor“ и „Malevolent Creation“.
„Со посебно задоволство ви го најавуваме овој соничен напад на сите ваши сетила!“, велат од „Terrorvoid Promotions“.
За „Belphegor“ посочуваат дека секој обид да се објаснат е залуден.
„Со години се обидувавме да ги донесеме во Скопје и еве конечно нема бегање“, соопштува организаторот.
За вториот гостин, „Malevolent Creation“, тие велат: „кога ќе се спомне флоридски дет метал, нема шанси да не се помисли на ‘Малеволент’“.
„Иако оригинално од Бафало, тие се еден од првите бендови кои мигрираа и кои го креираа тој специфичен флоридски звук. И покрај константните борби за стабилна постава, Филм Фасциана неуморно успева да издава ‘over the top death metal’, а на последните албуми, може слободно да се каже и дека има многу треш метал елементи. Со 13 албуми во својата кариера, која се протега од крајот на 80ти па до денес, ‘Малеволент’ е задолжителна лектира, и верувајте дека не сакате да ви го раскажуваат овој концерт“, се вели во соопштението на организаторите.
Тие нагласуваат дека концертот ќе биде во МКЦ, а шанкот ќе работи. Вратите за настанот ќе бидат отворени од 19 часот.