Концертна промоција на деби албумот на „will discuss“ вечер во „Ла Кања“

Во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија вечерва, 15 февруари, од 21 часот е најавен концерт, кој воедно ќе биде и промоција на истоимениот деби албум на „will discuss“.

Албумот неодамна беше објавен под закрила на „Стотројка“.

„Длабоко во пандемијата, музиката во живо изгледаше невозможно. Но го имаме ‘Канал 103’, нашата мала капсула во вселената. Двајца музичари, непознати еден на друг до тој момент, се собраа за импровизирана сесија во живо. Оваа снимка ја доловува таа почетна искра и раѓањето на ‘will discuss’ на Тодор Караколев – проект безгрижно оставен на возбудата на спонтаните музички средби“, стои ви инфото на албумот кој е достапен за преслушување и поддршка на Бендкемп-от на „Стотројка“.

На концерот, „will discuss“ ќе свири во состав Тодор Караколев, Кристијан Савиќ и Кристијан Новковски.

Влез за настанот ќе биде со донација. Дизајн за плакатот e на @beamoff.art.