Концертната промоција на вториот студиски албум „Underdog“ на македонскиот бенд „Filch“ ќе се одржи на 31 март, во Киното Фросина, во МКЦ Скопје.
„Underdog“ е мултимедијален проект со илустрации и видео анимации за 10 нови инструментални композиции, изработени од Вања Шереметкоски и Михаил Наумов, и аудио снимано, миксано и мастерирано од Ѓорги Вацев. Две нови траки од вториот албум се веќе објавени онлајн. Влезот е слободен.
Filch се Златко Андријевски – гитара, Дарко Стојоски – гитара, Теодор Бошков – бас гитара, Бранко Сапламаев – клавијатури и Гичо Динев – тапани.